На 25.11.2019 година во рамките на проектот германски јазик од прво одделение, а во соработка со Гете Институт Скопје, се одржа креативна јазична работилница. Во рамките на работилницата учествуваше писателот и илустратор Јенс Расмус од Германија. Во рамките на работилницата учениците имаа можност да го слушаат германскиот јазик од мајчин говорител, да разговараат со него на интересни теми како животни, пријателство, активности во слободно време и заедно со писателот да илустрираат и напишат мала книга на германски јазик.
Monthly Archives: November 2019
Меѓународна изложба “13 Ноември”
На 13.11.2019 година се одржа свечено доделување на награди на ликовниот конкурс организиран од страна на Детскиот ликовен центар по повод “13 Ноември”, денот на ослободувањето на градот Скопје, на кој се закитија со награди нашите ученици: Филип Трифунов II-5 одд., Ванеса Димовска VI-5 одд. и Давид Ангелов III-5 одд. Честитки за освоените награди им посакуваме уште поголеми успеси во иднина.
Ноември-Месец на науката 2019
Училишен натпревар по француска писменост
На училишниот натпревар по француска писменост прво место освои ученичката Ена Велеска од VII-6 одд и второ место ученикот Кристијан Дамјановски од VII-3 одд.
Посета на DSSMITH (поранешна Комуна)
На ден 8.11.2019 година учениците од актив трето ја посетија работната организација DSSMITH (поранешна Комуна) со цел да се запознаат за својствата на хартијата, нејзината обработка, доработка и рециклирање. Истата тема се изучува во месец ноември по предметот природни науки.