Monthly Archives: November 2019

Идни иноватори

На 08.11.2019 година учениците од III-2 одделение присуствуваа на отварањето на традиционалната и најголема Меѓународна изложба Макинова 2019 што се одржува по 40-ти пат во организација на Сојузот на пронаоѓачите и автори на технички унапредувања на Македонија – Спатум и Народна техника на Македонија по повод Светскиот ден на науката. Изложбата Макинова 2019 е придружена по 17-ти пат со изложбата Еконова 2019 на иновации, пронајдоци и идеи чија цел е подобрување на животната средина. Покровител на МАКИНОВА 2019 и ЕКОНОВА 2019 е Претседателот на Република Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски. На меѓународната изложба МАКИНОВА 2019 и ЕКОНОВА 2019 пријавени се 113 учесници од кои 75 од Република Македонија и 38 учесници од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Република Српска и Словенија.

Дисеминација на активностите од првата мобилност на наставници во рамките на КА229 проектот „Креативни читатели“

На 07.11.2019 година за време на Наставничкиот совет се одржа дисеминација на активностите од првата мобилност на наставници во рамките на КА229 проектот „Креативни читатели“ која се реализираше во периодот од 14-18.10.2019 година во Липовљани, Хрватска.

Наставниците кои учествуваа на мобилноста, Мирослава Павлова-Аневска и Весна Стрезовска, ги преставија активностите за време на мобилноста на останатите колеги од нашето училиште. Презентацијата можете да ја погледнете подолу

Дисеминација на активностите од првата мобилност на наставници во рамките на КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

На 07.11.2019 година за време на Наставничкиот совет се одржа дисеминација на активностите од првата мобилност на наставници во рамките на КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ која се реализираше во периодот од 21-25.10.2019 година во Загреб, Хрватска.

Наставниците кои учествуваа на мобилноста, Љубица Ружинска, Валентина Петрова и Марјан Куцулоски, ги преставија активностите за време на мобилноста на останатите колеги од нашето училиште. Презентацијата можете да ја погледнете подолу

Европска ознака за квалитет за еТвининг проектот „Младите и медиумите“

еТвининг проектот „Младите и медиумите“ (Young and media) кој се реализираше во периодот од декември 2018 до февруари 2019 година, се здоби со Европска ознака за квалитет. Ова значи дека работата на наставничките, нивните ученици и училиштето во кое што работат, е препознаена и наградена со највисоко европско ниво. еТвининг прокетот во март 2019 година се здоби и со Национална ознака за квалитет. 

TwinSpace на проектот можете да го погледнете тука.

etw_europeanqualitylabel_144935_en

etw_europeanqualitylabel_144946_en

etw_europeanqualitylabel_145147_en

Сите активности во рамките на проектот преставуваа еден вид на истражување и основа за започнување на Еразмус+ КА229 проектот “Младите новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ (Young journalists today – responsible digital citizens tomorrow)  кој моментално се реализира во нашето училиште.

Повеќе имформации за активностите во рамките на Еразмус+ КА229 проектот “Младите новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ можете да најдете на:

 

Општински натпревар ППЗ

На 05.11.2019 година се одржа 35 општински натпревар по ППЗ. Екипата од ООУ„Лазо Ангеловски“, составена од учениците Анастасија Симовиќ, 9 – 5 одд. Теодора Коцева, 8 – 1 одд. и Стефанија Минова 8 – 1 одд. имаа успешно учество, под менторство на наставникот по физика  Жаклина Колевска.