Monthly Archives: November 2019

Активности по повод патрониот празник на училиштето

По повод патрониот празник на училиштето во периодот од 25.10-01.11.2019 година се реализираа низа активности и тоа:

  • 25.10.2019 година – Игри без граници за учениците од одделенска настава
  • 25 и 29.10.2019 година – Спортски денови (одбојка и кошарка) за учениците од предметна настава
  • 30.10.2019 година – Ликовен хепенинг
  • 01.11.2019 година – положување на цвеќе пред бистата на Лазо Ангеловски

На 30.10.2019 година се одржа и традиционалното литературно читање. Свои лични творби читаа наградените ученици на литературниот конкурс.

Предметна настава

  • 1 МЕСТО -Елена Блажева ментор-Маја Стојановска
  • 2 МЕСТО-Дафне Атанасовска ментор-Костадинка Поповска
  • 3 МЕСТО-Катерина Иванова ментор-Валентина Петрова

Одделенска настава

  • 1 МЕСТО-Давид Симоски ментори-Петранка Крстева и Теодора Шалева
  • 2. МЕСТО-Диона Боримечкоска ментори- Петранка Крстева и Теодора Шалева
  • 3 МЕСТО-Матеа Николоска ментор-Грозданка Крстевска

На 31.10.2019 година, во аулата на ООУ„Лазо Ангеловски“, традиционално, се одржа и приредба по повод патрониот празник на училиштето. Претставата, во вид на мјузкл, под мотото „Ние децата сакаме….“, ја изведоа учениците-членови на драмската секција и хорот при ООУ„Лазо Ангеловски“, Скопје пред многубројната публика составена од соученици, родители, наставници и локалното население. Преку прекрасната глума, игра и песна, учениците се забавуваа, ги презентираа своите вештини и добија огромен аплауз од публиката.

Видео запис од мјузкл „Ние децата сакаме….“

Прва мобилност на наставници во рамките на Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ (Young journalists today – responsible digital citizens tomorrow) беше одржана прва мобилност на наставници во периодот од 21-25.10.2019 година во Загреб, Хрватска. На мобилноста присуствуваат членови од партнер-училиштата од Хрватска, Романија, Шпанија, Србија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни координаторот на проектот, Љубица Ружинска, директорот, Перо Арсеновски, наставник по македонски јазик, Валентина Патрова и наставникот по физичко образование Марјан Куцулоски.

Главните цели на моблиноста беа:

  • воспоставување на заеднички концепт на дигиталните училишни весници;
  • планирање на темите за работилниците за медиумска и дигитална писменост;
  • развивање на комптенциите на учесниците за публикација и едитирање на дигитални училишни весници.

За време на посетата на училиштето-координатор на проектот ОШ „Свети Петар“, с.Ореховац беше претставен нивниот училишен дигитален весник Klinček www.klincek.com кој постои од 2013 година и во него се објавени 740 натписи. При презентација беа претставени неколку статии од весникот кои успеале да побудат позитивни реакции во јавноста.

За време на останатите денови од мобилноста, наставниците присуствуваа на неколку презентации и тоа: „Заштита на детските права во медиумите“ во канцеларијата на Детскиот Народен правобранител, предавање и квиз за познатата новинарка и писател Марија Јурич Загорка организарано од страна на Центарот за женски науки, „Медиумска писменост“ – презентер Ана Доклер, едитор на порталот www.medijskapismenost.hr, презентација на детско списание Модра Ласта – презентер новинар Саша Драч, презентација на порталот www.srednja.hr/ – презентер уредник Марко Матијевич, и земаа учество во неколку работилници и тоа: „Новинарски форми“ – презентери Тена Перишин и Игор Веидлич од Факултетот за политички науки и „Како да се подготви квалитетна работилница“, презентер Домагој Мориќ.

Освен презентациите и работилниците поврзани со цели на проектот, беа одржани и состаноци на кои се координираа идните активности на проектот.

За време на мобилноста се обрна внимание и на културната компонента преку учество во неколку активности: дигитална тура низ Загреб, посета на Крижевци, посета на Музејот за наивна уметност и Хрватскиот училишен музеј како и посета на Националниот парк Плитвички езера.

Активности од 1 ден на мобилноста: посета на училиштето-координатор „Свети Петар“ Ореховец и презентација на училишниот дигитален весник Klinček, посета на Крижевци

Активности од 2 ден на мобилноста: презентација „Заштита на детските права во медиумите“ (канцеларија на Детскиот Народен правобранител), дигитална тура на Загреб, посета на Музејот на наивна уметност, предавање и квиз за познатата новинарка и писател Марија Јурич Загорка (организарано од страна на Центарот за женски науки, Загреб)

Активности од 3 ден на мобилноста: презентација „Медиумска писменост“ (презентер Ана Доклер), посета на Хрватскиот училишен музеј, презентација на детско списание „Модра Ласта“ (презентер Саша Драч)

Активности од 4 ден на мобилноста: работилница „Новинарски форми“ (презентери Тена Перишин и Игор Веидлич од Факултетот за политички науки, Загреб), презентација на порталот srednja.hr (уредник Марко Матијевич), работилница „Како да се подготви квалитетна работилница“ (презентер Домагој Мориќ)

Активности од 5 ден на мобилноста: посета на Националниот парк Плитвички езера

Видеа од мобилноста на наставници во Хрватска

Повеќе информации за мобилноста можете да најдете на веб страната на проектот на следниот линк

Прва мобилност на наставници во рамките на Еразмус+ КА229 проект „Креативни читатели“

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Креативни читатели“ (Creative readers) беше одржана прва мобилност на наставници во периодот од 14-18.10.2019 година во с.Липовљани, Хрватска. На мобилноста присуствуваат членови од партнер-училиштата од Хрватска, Чешка, Грција, Латвија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни наставникот по англиски јазик, Мирослава Павлова-Аневска и одделенскиот наставник, Весна Стрезовска.

На мобилноста се разгледуваа целите на проектот:

  • развивање на читачката писменост и вештини како основа за подобрени образовни постигања;
  • поттикнување на активното и критичко читање
  • зголемување на мотивираноста за читање
  • употреба на иновативни и креативни пристапи и технологии за обработка на литературни/лектирни дела.

При посетата на училиштето-координатор на проектот ОШ „Јосип Козарац“, беа посетени повеќе нагледни часови на кои се обработуваат и анализираа содржини од лектирни изданија, а во некои од нив се интегрираа содржини и од други наставни предмети како мајчин јазик, биологија, географија, историја и музичко („Биографија на Ивана Брлиќ Мажураниќ“), активност изведена од училишната библиотекарка „Магичниот свет на бајките“ – Библиотеката како место за креативна инспирација и непресушен извор на информации, како и обработка на дело од чешки автор како дел од наставата по јазик на малцинставата (чешки јазик).

Освен активности поврзани со наставни-методските цели на проектот, беа одржани и неколку состаноци на кои се планираа сите активности на проектот (начин на комуникација, поставување на проектот на e-Twinning платформата како и креирање на веб-страна на проектот и сл.), распределбата на обврски и задачи на училиштата партнери, како и детален план за наредната мобилност.

Во рамките на посетата беа посетени неколку институции од културата (Библиотеката во Липовљани, музејот на оружје исл.) и некои знаменитости на главниот град на Хрватска.