Daily Archives: 09/11/2019

Идни иноватори

На 08.11.2019 година учениците од III-2 одделение присуствуваа на отварањето на традиционалната и најголема Меѓународна изложба Макинова 2019 што се одржува по 40-ти пат во организација на Сојузот на пронаоѓачите и автори на технички унапредувања на Македонија – Спатум и Народна техника на Македонија по повод Светскиот ден на науката. Изложбата Макинова 2019 е придружена по 17-ти пат со изложбата Еконова 2019 на иновации, пронајдоци и идеи чија цел е подобрување на животната средина. Покровител на МАКИНОВА 2019 и ЕКОНОВА 2019 е Претседателот на Република Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски. На меѓународната изложба МАКИНОВА 2019 и ЕКОНОВА 2019 пријавени се 113 учесници од кои 75 од Република Македонија и 38 учесници од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Република Српска и Словенија.