Daily Archives: 16/11/2019

Ноември-Месец на науката 2019

На ден 16.11.2019 година на манифестацијата „Ноември-Месец на наука 2019“ во организација на Македонско биолошко друштво и Природно математички факултет од Скопје, во групата природни науки од прво до шесто одделение, трето место за изведување на експеримент освои ученичката Нина Панчевска од III-2 одд., ученикот Марко Панчевски од V-4 одд. освои втора награда, а ученикот Филип Добковски од III-1 одд. доби сертификат за учество.
Во областа биологија ученичките Екатерина Атанасова од VII-4 одд. освои трето место со обермаеров тест и ученичката Пела Серафимов од VII-1 одд. исто така освои трето место со микроорганизми/бактерии.