Daily Archives: 02/02/2020

Онлајн гласање за избор на дигитален постер за побезбеден интернет

Февруари е месец на безбедност на интернет. Денот за побезбеден интернет промовира одговорно, критично и креативно користење на дигиталната технологија, посебно меѓу децата и младите преку повик за создавање подобар и побезбеден интернет.

По тој повод, во рамките на ЕРАЗМУС+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ беше распишан училиштен конкурс за учениците од V до IX одделение за изработка на дигитален постер за Побезбеден интернет.

Сега, ВИЕ УЧЕНИЦИТЕ, преку онлајн гласање ќе ги изберете 3 ПОСТЕРИ, кои понатаму ќе продолжат на интернационалниот конкурс во рамките на проектот.

ОНЛАЈН ГЛАСАЊЕТО ЌЕ ТРАЕ од 3-7.02.2020 год. до 12 часот. МОЖЕТЕ ДА ГЛАСАТЕ САМО ЗА 1 ПОСТЕР КОЈ НАЈВЕЌЕ ВИ СЕ ДОПАЃА.

При гласањето земете ги во предвид следните карактеристики:
1. СОДРЖИНА:

  • Јасна цел на постерот
  • Организираност на содржината и пораката
  • Должина и прецизност

2. ДИЗАЈН И ИЗГЛЕД:

  • Наслов и букви
  • Должина на текстот
  • Маргини и бел простор
  • Бои

3. СЛИКОВИТОСТ:

  • Фотографии
  • Дијаграми и графикони

ОНЛАЈН ГЛАСАЊЕТО Е ДОСТАПНО НА СЛЕДНИОТ ЛИНК: https://forms.gle/98YgJwiy68fHmQVo6