Daily Archives: 22/02/2020

ОДРЖАНИ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН НАТРПРЕВАР HIPPO 2020

На 22.02.2020 година во ООУ “Лазо Ангеловски” Скопје се одржа
квалификацискиот натпревар HIPPO 2020. Натпреварот кој уште е познат како “Англиски без граници” е меѓународен натпревар кој го промовира англискиот јазик. Натпреварувачите доаѓаат од различни краеви на светот, и не само што се
натпреваруваат со своите знаења по англиски јазик, туку истовремено се дружат, развиваат и негуваат пријателски односи, меѓународно разбирање и дух на спортска конкурентност.
Учениците кои ќе постигнат најдобри резултати ќе се натпреваруваат на
полуфиналниот натпревар, a најдобрите кои ќе се пласираат за финале заедно со своите ментори ќе патуваат за Италија од 15 до 17 мај 2020 година.