Daily Archives: 24/02/2020

Одбележување на 21 Февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик

На 21.2.2020 година, со цел одбележување на 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во просториите на училиштето, се одржа поетско читање на коешто учествуваа учениците коишто беа наградени на претходно распишаниот литературен конкурс за поетски творби на тема „Мајчиниот јазик е духовно богатство што вреди да се чува и негува“ за учениците од III до  IX одд., во рамките на училишната библиотека.

Поетското читање започна со рецитација на антологиската песна „Везилка“ на Блаже Конески преку снимена youtube верзија. По најавата за поводот и значењето на 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, беа доделени дипломи за освоено место на училишниот литературен конкурс на следниве ученици:

Одделенска настава

  • 1 место: Диона Боримечковска 3-3 одд.
  • 2 место: Михаела Јаневска 3-1 одд.
  • 3 место: Анџела Стамкова 5-2 одд.

 Предметна настава:

  • 1 место: Катерина Иванова 7-6 одд.
  • 2 место: Ива Даутовска 9-5 одд.
  • 3 место: Милијана Стојановиќ 9-4 одд.

Наедно, беа доделени пофалници од училишната библиотека на учениците чиишто творби беа успешни според наведените критериуми во конкурсот:

Одделенска настава

  • Филип Анастасов 3-1 одд. „Мајчиниот јазик е духовно богатство што вреди да се чува и негува“
  • Вангелија Митаноска 3-4 одд. „Светот на книгата“
  • Ева Бранковска 3-1 одд. „Мајчиниот јазик е духовно богатство што вреди да се чува и негува“
  • Немања Јорданов 5-6 одд. „Мајчиниот јазик – љубов најголема“
  • Валерија Мит аноска 3-4 одд. „Летечки букви“
  • Максим Збилиќ 3-1 одд. „Мајчиниот јазик е духовно богатство што вреди да се чува и негува“
  • Теона Анѓеловска 5-5 одд. „Мајчиниот јазик“
  • Виктор Мисаиловски 5-1 одд. „Мојот мајчин јазик“
  • Константин и Елена Брајаноски 5-5 одд. „Мојот мајчин јазик“
  • Ана Станчева 3-1 одд. „Мајчиниот јазик е духовно богатство што вреди да се чува и негува“

Предметна настава

  • Анастасија Симовиќ 9-5 одд. „Мајчиниот јазик е духовно богатство што вреди да се чува и негува“
  • Христина Младеновска 6-1 одд. „Мајчиниот јазик“
  • Георгина Митревска 6-1 одд. „Мајчиниот јазик“
  • Рената Синадиновска 8-5 одд. „Мајчин јазик“

Општински натпревар по хемија

На ден 22.02.2020 година се одржа општински натпревар по хемија.

Учениците ги постигнаа следниве резултати:

  • трета награда: СтефанијаДимковска VIII-1 одд.
  • трета награда: Марија Поповска VIII-1 одд.
  • трета награда: СтефанијаДимковска VIII-1 одд.
  • пофалница: Марија Митовска VIII-4 одд.
  • трета награда: Мариела Стефановска IX-4 одд.
  • трета награда: Марија Станчева IX-3 одд.

Ученици се пласирааа и за регионален натпревар.

Ментор: Жаклина Трајковска