Monthly Archives: March 2020
ИЗВЕСТУВАЊЕ
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Наградата еТвининг училиште 2020-2021
На ден 18.03.2020 година нашето училиште се здоби со наградата еТвининг училиште 2020-2021 која по трет пат се доделува од страна на Европската Комисија. За нашето училиште ова е втора награда, односно имаме добиено награда за еТвининг училиште 2018-2019.
На европско ниво 2139 училишта од 42 европски држави ја добија оваа награда, а од Република Македонија на листата се наоѓаат 10 училишта и 1 градинка. Целосната листа на наградени училишта можете да ја погледнете тука. Наградените училишта се препознаени како лидери во области како:
- дигитална пракса
- пракса за е-безбедност
- користење на иновативни и креативни приоди во педагогијата
- промоција на континуиран професионален развој на вработените
- промоција на практики на колаборативно учење на наставниците и учениците
Наградените училишта ќе:
- имаат висока видливост на Европско ниво
- ќе формираат Европска мрежа на еТвининг училишта водачи да го инспирираат понатамошниот развој на еТвининг
- ќе можат да го покажуваат Знакот за еТвининг училиште во сите промотивни и информативни материјали
- наградените наставници и директорите ќе бидат поканети да се вклучат во програми за професионаен развој.
Материјали за поддршка во самоучењето
Почитувани ученици и родители,
Како дел од поддршката во процесот на самоучење, наставниците од ООУ„Лазо Ангеловски“, Скопје, изготвија наставни материјали за периодов и истите можете да ги користите преку линковите подолу. Во зависност од времетраењето на прекинот на наставата истите линкови ќе бидат надополнувани од страна на наставниците. Секако дека ова е само поддршка и придонес на наставниците во овој период и не е задолжителен.
Следете не редовно!
Материјали за учење од далечина: