Daily Archives: 03/03/2020

Обука за соработка со родители во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Градеме нови мостови – размислувај надвор од кутијата“

Во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Градеме нови мостови – размислувај надвор од кутијата“ во периодот од 24-28.02.2020 година беше посетена обуката за соработка со родители во Севиља, Шпанија. Обуката беше реализирана од страна на интернационалениот тренинг провајдер IDevelop, стручен во проферисонален развој на наставници преку промовирање, поддршка и овозможување на тренинг активности во склад со Еразмус+ принципите. Учесници на обуката беа следните наставници: Љубица Ружинска, Весна Стезоска и директорот Перо Арсеновски.

Цели на обуката беа:

  • подобрување на вештините и ресурсите за градење на конструктивни и позитивни односи со учениците и семејствата;
  • начините да се препознаат потребите, стравовите и очекувањата на учениците и семејствата со цел да се развива довербата помеѓу сите субјекти;
  • учење на специфични ресурси, техники и програми со кои би се подобрила комуникацијата во проблемските ситуации;
  • начини за рабирање и менаџирање на чувствата, развивање на комуникацијата со учениците и родителите со цел создавање атмосфера на разбирање која се фокусира на изнаоѓање решенија на проблемите.

Во следниот период, наставниците кои ја посетија обуката ќе одржат интерни обуки на останатите наставници во училиштето (работилници, отворени часови, менторство на наставници и сл.) како и дисеминација на локално и национално ниво преку организирање на обуки за наставници од училишта од општина Аеродром и пошироко.