Daily Archives: 15/06/2020

Ученик на генерација и пофалени ученици на генерацијата 2011-2020

На ден 10.06.2020 год. според Правилникот за номинирање, избор и прогласување на ученик на генерација и пофалени ученици при ООУ„Лазо Ангеловски“, Скопје ( https://tinyurl.com/y8y2k82n ),  Наставничкиот совет по предлог на комисијата за избор на ученик на генерацијата 2011-2020 ја прогласи ученичката Милијана Стојановиќ од IX 4 одд. за ученик на генерацијата 2011-2020.

Воедно наставничкиот совет ги пофали сите номинирани ученици за вложениот труд и постигнат успех на натпревари и училишни активности/проекти и континуиран одличен успех во генерацијата 2011/2020 год.

Пофалени ученици според рангирањето на комисијата се:
1.     Марија Станчева IX3
2.     Мариела Стефановска IX4
3.     Сара Бурнеска IX2
4.     Анастасија Илиевска IX5
5.     Мартина Јаначковска IX6
6.     Дафне Атанасова IX3
7.     Мила Цветковиќ IX2
8.     Петра Кантурска IX3
9.     Мила Трајановска IX1
10.  Марко Цветанов IX3
11.  Андреј АтанасовскиIX4
12.  Тијана Трајковиќ IX6

Свеченото доделување се одржа на 15.06.2020 год. Честитки за сите ученици и многу успеси во иднината!