Monthly Archives: September 2020

Е-книга и материјали за 15 работилници за „Медиумска писменост и дигитално граѓанство“

Еразмус+ тимовите од 5 парнер-училишта (Хрватска, Северна Македонија, Србија, Романија и Шпанија) вклучени во нашиот КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓни утре“ за време на летниот распуст подготвија е-книга која содржи материјалите за 15 работилници за „Медиумска писменост и дигитално граѓанство“. Цел на работилниците во оваа е-книга е да се влијае врз развивање на критички однос кон медиумите и развивање на компетенции во полето на дигиталното граѓанство.

Е-книгата е достапна на следниот линк

2020-09-19-20-36-shared.kotobee.com

Поголемиот дел од работилниците во оваа е-книга се наменети за наставниците кои сакаат кај своите ученици да ја развијат дигиталната писменост и да ги поттикнат учениците за одговорно дигитално граѓанство. Но, како што се договоривме во рамките на нашето партнерство за време на проектот, некои од работилниците сакаме да ги насочиме и кон родителите. Па затоа подготвиме и две работилници за родители. Специфично за сите работилници во оваа е-книга е тоа што не бара од наставниците никаква дополнителна подготовка. Секоја работилница освен презентација за реализација на работилницата содржи и прецизно дефинирани задачи. Работилниците можат да се реализираат во времетраење од 40 минути, односно прилагодени се за реализација на еден училишен час. Поголемиот дел од работилниците се наменети за ученицие од предметна настава, а две работилници се наменети за учениците од одделенска настава.

Освен во нашата е-книга, работилниците и потребните материјали за реализиација на истите достапни во PDF формат на веб страната на проектот во рубриката Workshops in Macedonian. Следните работилници се вклучени во нашата е-книга:

Хрватска

Република Северна Македонија

Романија

Србија

Шпанија

Документи со известувања за почетокот на учебната 2020-2021 година

Куќен ред за реализација на воспитно образовниот процес со физичко присуство на учениците за учебната 2020-2021год

Правилник за однесување во училиштето на ученици кои ќе следат настава од далечина

Распоред на влегување по одделенија од I-III одд за одржување на настава со физичко присуство

Регионален натпревар по природни науки и биологија

На Регионалниот натпревар по природни науки и биологија кој се одржа онлајн учениците од нашето училиште ги постигнаа следните резултати:

Природни науки

IV одделение

  • прва награда: Сара Драгниќ (ментор: Екатерина Геговска)
  • втора награда: Филип Горгијев (ментор: Магдалена Петреска), Теона Џуговска (ментор: Екатерина Геговска) и Никола Зорески (ментор: Магдалена Петреска)
  • трета награда: Ива Мицева (ментор: Екатерина Геговска), Марија Талеска (ментор: Екатерина Геговска) и Лука Костадиноски (ментор: Гордана Југрева)
  • пофалница: Павел Зафировски (ментор: Гордана Југрева)

V одделение (ментор: Ирина Шорева)

  • трета награда: Михаил Мицковски, Мила Блажева и Давор Панајотов
  • пофалница: Гаврил Азманов и Марко Панчевски
  • учество: Никола Ничев

VI одделение (ментор: Весна Јорданова)

  • втора награда: Марко Колевски, Ана Радеска и Ива Бошевска
  • трета награда: Деа Јаначкова, Павел Ваневски и Андреа Лукарова
  • пофалница: Дамјан Илиоски и Исидора Коколанска

Биологија 

VII одделение (ментор: Весна Јорданова)

  • прва награда: Теона Треневска
  • трета награда: Катерина Иванова
  • пофалница: Теодора Сазданова и Лука Ѓуриќ
  • учество: Ана Гривчевска

VIII одделение (ментор: Цветанка Малческа)

  • прва награда: Андреа Пејковска
  • втора награда: Лара Маркова
  • трета награда: Марија Поповска и Гала Додевска
  • пофалница: Марија Митовска и Миа Драгниќ

IX одделение (ментор: Цветанка Малческа)

  • прва награда: Марија Станчева
  • пофалница: Мартина Јаначковска

Државен натпревар по математика

На 23.08.2020 год. се одржа Државниот натпревар по математика. Учениците од нашето училиште ги постигнаа следните резултати:

VI одделение:

  • III награда - Ива Бошеска (ментор Лолита Трајковска)
  • пофаница - Ана Радеска (ментор Лолита Трајковска)

IX одделение:

  • III награда - Милијана Стојановиќ (ментор Вангелица Поповска)
  • пофаница - Марија Станчева (ментор Вангелица Поповска)