Еразмус+ тимовите од 5 парнер-училишта (Хрватска, Северна Македонија, Србија, Романија и Шпанија) вклучени во нашиот КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓни утре“ за време на летниот распуст подготвија е-книга која содржи материјалите за 15 работилници за „Медиумска писменост и дигитално граѓанство“. Цел на работилниците во оваа е-книга е да се влијае врз развивање на критички однос кон медиумите и развивање на компетенции во полето на дигиталното граѓанство.
Е-книгата е достапна на следниот линк
Поголемиот дел од работилниците во оваа е-книга се наменети за наставниците кои сакаат кај своите ученици да ја развијат дигиталната писменост и да ги поттикнат учениците за одговорно дигитално граѓанство. Но, како што се договоривме во рамките на нашето партнерство за време на проектот, некои од работилниците сакаме да ги насочиме и кон родителите. Па затоа подготвиме и две работилници за родители. Специфично за сите работилници во оваа е-книга е тоа што не бара од наставниците никаква дополнителна подготовка. Секоја работилница освен презентација за реализација на работилницата содржи и прецизно дефинирани задачи. Работилниците можат да се реализираат во времетраење од 40 минути, односно прилагодени се за реализација на еден училишен час. Поголемиот дел од работилниците се наменети за ученицие од предметна настава, а две работилници се наменети за учениците од одделенска настава.
Освен во нашата е-книга, работилниците и потребните материјали за реализиација на истите достапни во PDF формат на веб страната на проектот во рубриката Workshops in Macedonian. Следните работилници се вклучени во нашата е-книга:
Хрватска
- АВТОРСКИ ПРАВА
- БИДИ УРЕДНИК
- ИНФОРМАТИВНИ И КЛИКБЕЈТ НАСЛОВИ
- ПОЗИТИВНА И НЕГАТИВНА СОДРЖИНА ВО МЕДИУМИТЕ: Медиумско влијание и можности за родителите (работилница за родители на ученици од одделенска настава)
Република Северна Македонија
- ПОРАКИ ВО МЕДИУМИТЕ
- ПРИВАТНОСТ ОНЛАЈН – Свој на своето
- НАСОЧУВАЊЕ НА ДИГИТАЛНАТА ГЕНЕРАЦИЈА (работилница за родители на ученици од предметна настава)
Романија
- АУДИОВИЗУЕЛНО: рекламен постер и рекламен спор/реклама
- ИНСТРУМЕНТИ ЗА МАНИПУЛАЦИЈА ВО МЕДИУМИТЕ
- МОЌТА НА СЛИКАТА – улогата на фотографијата во медумската содржина (работилница за ученици од одделенска настава)
Србија
- КАКО ДА СТАНАМ ТВ ПРЕЗЕНТАР/СПИКЕР (работилница за ученици од одделенска настава)
- СПРАВУВАЊЕ СО ЛАЖНИ ВЕСТИ
- ТРЕНИНГ БИБИЛИЈА ЗА МЕДИУМИ
Шпанија