Monthly Archives: October 2020

Европска ознака за квалитет за еТвининг проектот „Млади новинари денес – одговорни граѓани утре“

еТвининг проектот „Млади новинари денес – одговорни граѓани утре“ (Young journalists today – responsible citizens tomorrow) кој е дел од Еразмус+ КА22 проектот под исто име и кој се реализираше во периодот од декември 2019 до мај 2020 година, се здоби со Европска ознака за квалитет. Ова значи дека работата на наставниците, нивните ученици и училиштето во кое што работат, е препознаена и наградена со највисоко европско ниво. еТвининг проектот во јуни 2020 година исто така доби Национални ознаки за квалитет од страна на Националните агенции од Македонија, Хрватска, Србија и Шпанија, а во септември 2020 од страна на Националните агенции од Романија и Италија. Резултатите можете да ги погледнете на следниот линк.

aa1a1bc7b61b40c1_eql_en