Monthly Archives: November 2020
Добиен грант од Еразмус+ програмата клучна акција 2 – КА229– Стратешки партнерства за училишна размена
По завршувањето на процесот на селекција на пристигнатите апликации за рокот за аплицирање кој траеше до 23-ти април 2020 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Латвија ги објави резултатите од одобрените грантови од подакцијата КА229. ООУ „Лазо Ангеловски“ е едно од училишта со одобрен грант од 31.618 евра. Резултатите можат да се видат на следниот линк.
Одобрениот проект „Поинакво образование во училницата во природа“ (Slow down education in the nature), ќе се рализира во периодот од ноември 2020 до ноември 2022 година. Училиште-координатор на проектот е “Staļģenes Secondary School” од Латвија, а партнерите во овој проект покрај ООУ „Лазо Ангеловски“ се училиштата “Liceul Tehnologic Topoloveni” од Романија и “Palade Põhikool” од Естонија.
Главната цел на проектот е воведување на поинакви активности (базирани на т.н. slow movement) во образовниот процес и воннаставните активности со употреба на холистички пристап и иновативни педагошки решенија со цел да се зголеми мотивацијата кај учениците и да се поттикне интересот за изучување на STEM предметите.
Проектни активности и резултати:
- преставување на концептот на”Slow Movement” во училиштето
- избор на теми од STEM предметите кои можат да се изучуваат во природа (надвор) – имплементација на 20 часови по STEM предметите во природа, собирање на повратна инфомација од учениците, претставување на примери на добри пракси
- интегрирано изучување на STEM предемти во природа (STEM + спорт + јазик) – 4 работилници за подготовка на часови, имплементација на најмалку 4 часови во секое партнер-училиште, претставување на примери на добри пракси
- прилагодување на училишната околина за имплеменатција на активностите (часови во природа/надвор, одмори и воннаставни активности надвор и сл.) преку креирање на училница на отворено (лабараторија во училишниот двор)
- креирање на воннаставни активности кои ќе поттикнат здрав животен стил, подготовка на барем 1 воннаставна активност со група на ученици во секое партнер-училиште
- натпревар за спроведено истражување со ученици на тема здрав живот или STEM (вкупно 20 поректи од групи на ученици – 3 до 4 ученици во група)
- вклучување на учениците во организирање на активности за други ученици и родители кои промовираат здрав живот – најмалку 4 настани во секое парнер-училиште
- едуцирање на учениците за здрав живот – организирање на најмалку 3 воннаставни активности во секое партнер-училиште, 1 интернационален камп, совети и примери на добри пракси за активности надвор без употреба на смарт апарати (телефони, таблети…)
- креирање на е-книга – сите материјали од проектот ќе бидат собрани во една е-книга како алатка која ќе биде достапна за користење од страна на сите кои сакаат да имплементираат слични активности со своите ученици
- 3 мобилности за тренинг на наставници (Естонија, Македонија, Романија)
- 3 ученички размени (Латвија, Естонија, Македонија)
Државен натпревар по биологија и природни науки
На Државениот натпревар по биологија и природни науки кој се одржа онлајн на 28.09.2020 година, учениците од нашето училиште ги постигнаа следните резултати:
Природни науки
IV одделение
- сертификат за постигнат особен успех на натпреварите по природни науки во 2020 година на надобро рангираните учесници – Марија Талеска (ментор: Екатерина Геговска)
- втора награда – Марија Талеска (ментор: Екатерина Геговска)
- трета награда – Филип Горгијев (ментор: Магдалена Петреска)
- пофалница – Никола Зорески (ментор: Магдалена Петреска), Сара Драгниќ (ментор: Екатерина Геговска), Ива Мицева (ментор: Екатерина Геговска)
- учество – Теона Џуговска (ментор: Екатерина Геговска), Лука Костадиноски (ментор: Гордана Југрева)
VI одделение (ментор Весна Јорданова)
- второ место - Марко Колевски, Ива Божеска
- трето место - Ана Радеска
- пофалница - Андреа Лукарова, Деа Јаначковска
- учество - Павел Ваневски
Биологија
VII одделение (ментор Весна Јорданова)
- прво место - Теона Тренеска
- трето место - Катерина Иванова
VIII одделение (ментор Цветанка Малческа)
- учество - Гала Додевска, Марија Поповска
IX одделение (ментор Цветанка Малческа)
- второ место и специјален сертификт од ДБМ за постигнат особен успех на натпреварите по биологија во 2020 год. - Марија Станчева