Daily Archives: 11/12/2020

Работилница „Пораки во медиумите“ – Концептот на идеалн изглед и притисокот да се изгледа идеално

На 9.12.2020 година беше реализирана работилницата „Пораки во медиумите“ за време на часот по англиски јазик во VIII-4 одд. од страна на наставничката по англиски јазик, Љубица Ружинска.  Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинаи денес – одговорни дигитални граѓани утре“  преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и да се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство.

Цел на оваа работилница беше да се истражи концептот за идеален изглед (Од каде доаѓа? Каков притисок истиот врши врз нас?) за да можат учениците да станат вешти, критички настроени коририсници на медиумите преку истражување на начинот на кој што изгледот се претставува во медиумите и како сликите во професионалните медиуми (пр. реклами) и социјалните медиуми (пр. Инстаграм) се манипулирани и често драстично променети за да се доближат до идеалниот изглед.  Во склад со наведените цели се спроведоа задачи за работа во група преку кои учениците имаа можност да развијат стратегии да се спротистават на пристисоците да се постигне идеалниот изглед, да не се споредуваат себе си со нив, да се спротистават и да изградат самодоверба за сопствениот изглед.

Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк.

Текст напишан од страна на ученик од одделението за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.