Daily Archives: 20/12/2020

Учениците од ООУ,,Љубен Лапе” учеа за моќта на сликата

На 18.12.2020 година беше реализирана  работилницата „Моќта на сликата-улогата на фотографијата во медумската содржина, предвидена во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“. Со цел остварување на планираната меѓуучилишна соработка со основно училиште на локално ниво, работилницата ја реализираше Магдалена Петреска, одделенски наставник во ООУ,,Лазо Ангеловски” , во текот на одделенскиот  онлајн час за учениците од IV-1 одд. од ООУ,,Љубен Лапе“ – Скопје, по претходно заемен договор со нивниот одделенски наставник Емилија Пап.

Целта на оваа работилница беше да се разгледаат фотографии/слики и да се објасни нивната улога во пренесување на медиумската порака. Секоја фотографија има одредена порака која треба да се разбере, а сето тоа зависи од личните искуства, вредности и верувања на секоја личност.

Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк.

Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.