На 21.12.2020 година беше реализирана работилница на тема „Дигитална драма“, предвидена во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“. Со цел остварување на планираната меѓуучилишна соработка со основно училиште на локално ниво, работилницата ја реализираше нашиот психолог, Аделина Давидовска , во текот на одделенскиот онлајн час за учениците од IX-1 одд. од ООУ „Гоце Делчев“ Скопје, по претходно заемен договор со нивниот одделенски наставник.
Цел на оваа работилница е да има се покажат на учениците стратегии за справување со дигиталната драма. Немерата е да се поттикнат да не толерираат насилство на интернет и преку сопствен пример да промовираат коректни врснички односи во виртуелниот и реалниот живот. Во склад со наведените цели испланирани се задачи за работа во група во кои учениците ќе играат улоги на оние кои поттикнуваат кавга/спор и оние кои конструктивно делуваат за да не дојде до истиот или истиот да се намали.
Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк.
Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.