Daily Archives: 22/12/2020

Деветтоодделенците учеа како да се справат со лажни вести

На 18.12.2020 година беше реализирана работилницата „Справување со лажните вести“ за време на класниот час во IX-3 одделение од страна на класниот раководител, Елена Кузмановска. Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и да се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство.

Учесниците во работилницата научија за карактеристиките на лажните вести и дознаа со која цел настануваат лажните вести. Користејќи алатки за проценка на лажни вести, учениците имаа задача да заклучат кои вести се лажни.

Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк.

Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.