Monthly Archives: February 2021

Онлајн литературно читање по повод одбележувањето на 21 Февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик

На 26.2.2021 год. (петок), беше реализирано онлајн литературно читање по повод одбележувањето на 21 Февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик. Овој литературен настан беше организиран за учениците коишто беа наградени и пофалени на претходно распишаниот училиштен литературен конкурс на темата: „Милоста кон мајчиниот јазик – наш долг и свето право“, во рамките на училишната библиотека, како дел од активностите на програмата на нашиот Еразмус+ КА229 проект „Креативни читатели“.

Учениците имаа можност да се претстават со своите лични литературни творби коишто беа посветени на најголемото духовно обележје на еден народ, а тоа е мајчиниот јазик. Преку нивниот творечки светоглед, беше промовирана идејата за негување и зачувување на мајчиниот јазик, односно на македонскиот јазик како наш долг и свето право. Литературното читање се одвиваше преку платформата MS Teams, така што секој имаше прилика да го проследи. Учениците изразија огромен интерес за ваков облик на литературно дружење и беа мотивирани и во иднина да творат и да учествуваат на училишните литературни настани.

Настанот беше медиумски покриен од страна на членови од медиумската секција од нашето училиште. На следниот линк можете да го прочитате нивниот натпис во училишниот дигитален весник.

Резултати од училишниот конкурс за лого за Еразмус+ КА229 проект „Поинакво образование во училницата во природа“

На училишниот конкурс се пријавија 14 ученици со вкупно 17 изработки. Според насоките во конкурсот само три изработки/ логоа продолжуваат понатаму да се натпреваруваат со логоата од останатите држави, партнери во проектот. Логоата што продолжуваат понатаму се:

1. Александар Цветковски VI-1

1. Aleksandar Cvetkovski VI1

2. Стефан Игњатов IX-4

2. Stefan Ignjatov IX4

3. Марко Панчевски VI-4

3. Marko Panchevski VI4

Останатите ученици што учествуваа на конкурсот ќе добијат пофалници.

  • Матин Новески VIII-5
  • Христијан Јакимов VIII-1
  • Мартин Таневски VI-4
  • Матеј Павловски VIII-1
  • Деа Јаначковска VII-2
  • Мартин Митановски VI-2
  • Андреа Арсовска VII-2
  • Марија Зечевиќ VI-3
  • Андреј Костовски IX-5
  • Натали Ценевска VI-3
  • Матеј Богдановски VIII-2

Галерија со логоата од останатите ученици

Честитки на сите учесници за одличните изработки, а на логота што продолжуваат понатаму им посакуваме успех на интернационално ниво.

Онлајн состаноци на координаторите во рамките на Еразмус+ КА229 проект „Креативни читатели“

Партнер училиштата од Еразмус+ КА229 проектот „Креативни читатели“, Zakladni skola a Materska skola, Опава, Чешка,  4 Dimotiko Pefkon, Солун, Грција, Saldus novada pasvaldibas Druvas vidusskola,  Салдус, Латвиа, “Josip Kozarac”, Липовљани, Хрватска и нашето училиште ООУ „ Лазо Ангеловски“, одржаа два онлајн состаноци, на 19.01.2021 и 17.02.2021 година.

Целта на овие состаноци беше да се утврди фазата до која е проектот и наредните чекори. Партнерите донесоа одлука да побараат продолжување на проектот во кој индивидуалните партнерски активности се одржуваа изменети или модифицирани, но заедничките активности како и мобилностите, за жал, не беше возможно да се одржат поради настанатата Ковид-19 пандемија. Оттука, партнерите се договорија да побараат продолжување на проектот од Европската Комисија кое и беше одобрено, па истиот ќе трае до 31.08.2022 година.

Партнерите исто се договорија да остварат заеднички активности во текот на оваа учебна 2021/22 година, а исто така и да се потрудат да ја подобрат дисеминацијата на проектот и проектините активности. Секој од партнерите даде извештај за сработените проектни активности за време на пандемијата, а оние за нашето училиште можете да ги проследите на следниов линк.

Онлајн литературен настан „Милоста кон мајчиниот јазик – наш долг и свето право“

По повод 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, се организира литературен настан на темата: „Милоста кон мајчиниот јазик – наш долг и свето право“, што ќе се одржи онлајн на 26.2.2021 г. (петок), со почеток во 13:00 часот, на платформата на MS Teams

Линк за онјалн настанот 

Ве покануваме заеднички да го одбележиме Денот посветен на највредното духовно богатство – мајчиниот јазик.

Победници на интернационалниот натпревар по повод Денот за побезбеден интернет

Во периодот од  9-15.02.2021 година се организираше интернационалниот натпревар по повод Денот за побезбеден интернет во рамките на ЕРАЗМУС+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“  на кој од сите 5 држави учествуваа во 3 категории:

Изборот на најдобрите изработки од секоја категорија беше направен од страна на учениците од сите 5 училишта-партнери во проектот. По пет ученика од секое училиште гласаа онлајн преку Google form, а ова се резултатите од онлајн гласањето:

Категорија видео

  • 1 место – филм бр. 4 (Хрватска) со 41 поен

  • 2 место – филм бр. 3 (Република Северна Македонија) со 39 поени

  • 3 место – филм бр. 2 (Шпанија) со 30 поени

Категорија дигитален стип

  • 1 место – стрип бр. 1 (Хрватска) со 24 поена

stip-lorena-bencak-1-2

  • 2 место – стрип бр. 7 (Романија) со 18 поена

strip-paunica-bogdan

  • 3 место – стрип бр. 4 (Република Северна Македонија) со 17 поена

strip-1-1

Категорија расказ

  • 1 место – расказ бр. 1 (Хрватска) со 22 поена

https://youngjournalistshome.files.wordpress.com/2021/02/story-1.pdf

  • 2 место – расказ бр. 6 (Република Северна Македонија) со 19 поена

https://youngjournalistshome.files.wordpress.com/2021/02/story-6.pdf

  • 3 место – расказ бр. 2 (Хрватска) со 17 поена

https://youngjournalistshome.files.wordpress.com/2021/02/story-2.pdf

Изработките на учениците од нашето училише се пласираа во секоја категорија, односно во категоријата видео 2 место освои филмот на ученикот Стефан Игњатов 9-4 одд.во категоријата дигитален стрип 3 место освои стрипот на ученичката Теона Ѓорѓиева 8-1 одд. и во категоријата расказ 2 место освои текстот на ученичката Илина Стојановска 6-1 одд. Авторите ќе бидат наградени со слушалки со микрофон.