Daily Archives: 07/02/2021

Конкурс за лого за ЕРАЗМУС + КА229 „Поинакво образование во училницата во природа“

За потребите на проектот ЕРАЗМУС + КА229 „Поинакво образование во училницата во природа“ се распишува конкурс за изработка на лого на проектот. На овој училишен конкурс може да учествуваат учениците од VI- IX одделение. Изработките треба да се придржуваат до одредени правила.

Пропозиции:

1. Логото може да биде изработено на два начина:

  • Нацртано на хартија со големина најмалку А5 формат (хартијата треба да биде мазна, препорачливо е да се користи хартија за принтање). Цртежот треба да биде скениран (не фотографиран)
  • Дигитално лого (екстензија/формат: x.jpg; x.png, logo on transparent background)

2. Текстот во логото треба да биде на англиски јазик. Ве молам внимавајте на буквите и нивната големина, тие треба да бидат јасни и читливи.

3. Логото на проектот треба да асоцира на идејата на самиот проект. На следниов линк можете да најдете детали за проектот. (http://oulazoangelovski.com.mk/?p=7802 )

4. Логото треба да ги содржи државните знамиња на сите четири држави партнери во проектот (Македонија, Естонија, Латвија и Романија).

5. Од сите изработени логоа ќе бидат избрани најдобрите 3 коишто ќе се натпреваруваат со останатите логоа од другите држави, партнери во проектот.

Изработените предлози треба да бидат испратени на мејлот на milena.ignjatova@oulazoangelovski.edu.mk со назнака „за училишниот конкурс за лого“, најдоцна до 17.02.2021год.

** за подетални информации обратете се кај наставници по математика, природни науки, биологија, хемија и/или физика.