Во периодот од 9-15.02.2021 година се организираше интернационалниот натпревар по повод Денот за побезбеден интернет во рамките на ЕРАЗМУС+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ на кој од сите 5 држави учествуваа во 3 категории:
- кратко видео – линк од 5 видеа кои учествуваа во интернационалниот натпревар https://youngjournalists.home.blog/2021/02/05/internet-security-contest-film/
- дигитален стип – линк од 15 дигитални стрипови кои учествуваа во интернационалниот натпревар https://youngjournalists.home.blog/2021/02/05/internet-security-contest-strip-comic/
-
расказ - линк од 14 раскази кои учествуваа во интернационалниот натпревар https://youngjournalists.home.blog/2021/02/05/internet-security-contest-stories/
Изборот на најдобрите изработки од секоја категорија беше направен од страна на учениците од сите 5 училишта-партнери во проектот. По пет ученика од секое училиште гласаа онлајн преку Google form, а ова се резултатите од онлајн гласањето:
Категорија видео
- 1 место – филм бр. 4 (Хрватска) со 41 поен
- 2 место – филм бр. 3 (Република Северна Македонија) со 39 поени
- 3 место – филм бр. 2 (Шпанија) со 30 поени
Категорија дигитален стип
- 1 место – стрип бр. 1 (Хрватска) со 24 поена
- 2 место – стрип бр. 7 (Романија) со 18 поена
- 3 место – стрип бр. 4 (Република Северна Македонија) со 17 поена
Категорија расказ
- 1 место – расказ бр. 1 (Хрватска) со 22 поена
https://youngjournalistshome.files.wordpress.com/2021/02/story-1.pdf
- 2 место – расказ бр. 6 (Република Северна Македонија) со 19 поена
https://youngjournalistshome.files.wordpress.com/2021/02/story-6.pdf
- 3 место – расказ бр. 2 (Хрватска) со 17 поена
https://youngjournalistshome.files.wordpress.com/2021/02/story-2.pdf
Изработките на учениците од нашето училише се пласираа во секоја категорија, односно во категоријата видео 2 место освои филмот на ученикот Стефан Игњатов 9-4 одд., во категоријата дигитален стрип 3 место освои стрипот на ученичката Теона Ѓорѓиева 8-1 одд. и во категоријата расказ 2 место освои текстот на ученичката Илина Стојановска 6-1 одд. Авторите ќе бидат наградени со слушалки со микрофон.