Monthly Archives: March 2021

Општински натпревар по географија

На 13.03.2021 година се одржа Општинскиот натпревар по географија организиран од страна на ЗПГМ.  Од нашето училиште учествaa следните ученици: Катерина Иванова VIII-6, Софија Тасиќ VIII-6 и Гала Додевска IX-3 одд.

Ученичката: Катерина Иванова VIII-6 го освои трето место на Општинскиот натпревар со 95 поени и продолжува понатаму на Регионалниот натпревар по географија.

Општински натпревар по англиски јазик

На 20.03.2021 година онлајн се одржа Општинскиот натпревар по англиски јазик. Учениците од нашето училиште ги постигнаа следните резултати:

V одделение (ментор Оливера Доновски)

  • 1 место: Павел Зафировски
  • 1 место: Кирил Здравев

VI одделение (ментор Мирослава Павлова-Аневска)

  • 1 место: Мила Настевска
  • 1 место: Александар Цветковски

VII одделение (ментор Морфа Петровска)

  • 1 место: Горјана Андреска
  • 1 место: Ева Георгиевска

VIII одделение (ментор Љубица Ружинска)

  • 1 место: Ена Велеска
  • 2 место: Сара Костова

IX одделение (ментор Маја Тенев)

  • 1 место: Миа Драгнич
  • 1 место: Марија Поповска

Сите ученици се пласираа за учество на Регионалниот натпревар.

Работилници за родители за развивање на медиумската писменост

На 22.03.2021 година беа реализирани две работилници за родители за развивање на медиумската писменост во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дгитални граѓани утре“. Работилниците беа реализирани онлајн преку платформата MS Teams за членовите на Советот на родители.

Првата работилница на тема „Позитивна и негативна содржина во медиумите: Медиумско влијание и можности за родителите“  за родителите од одделенска настава беше презентирана од страна на нашиот Еразмус+ координатор, Љубица Ружинска, заедно со дел од членовите од Тимот за реализација на проектот одделнските наставници Тања Јосимовска и Христина Божиновска. Презентацијата од работилницата е достапна на следниот линк. Цел на работилницата беше да им се посочат позитивните и негативните содржини на интернет и нивната улога во медиумската писменост на децата. Во воведниот дел на работилницата родителите се запознаа со примери на позитивни и негативни содржини во медиумите и со истражувања за сигурноста на децата на интернет. Родителите за време на работилницата имаа можност и сами да прегледаат некои медиумски содржини и да ги споделат своите мислења за истите со другите учесници во работилницата.

Втората работилница на тема „Насочување на дигиталната генерација“ за родителите од предметна настава беше презентирана од страна на помошник директор, Милена Игњатова, заедно со дел од членовите на Тимот за реализација на проектот, наставник по македонски јазик, Валентина Петрова и наставник по музичко образование, Тања Крстевска. Презентацијата од работилницата е достапна на следниот линк. За време на работилницата родителите се запознаа со раличните аспекти на дигитализацијата со цел да бидат подготвени да им помогнат на децата да ги почитуваат чувставата, приватноста и сопственоста на останатите луѓе упатувајќи ги кон вистинската патека низ животот во дигиталниот свет.

Членовите на Советот на родители за време на родителските средби во месец април 2021 година ќе ги споделат информациите и презенатците со останатите родители во одделенијата каде што тие се претставници.

Дисеминација на активностите во рамките на Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

На 22.03.2021 година беше реализирана дисеминација на активностите во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ пред членовите на Советот на родители. Дисеминацијата беше организирана онлајн преку платформата MS Teams пред почетокот на онлајн работилницата за медиумска писменост наменета за родители. За време на презентацијата членовите на Советот на родители се запознаа со активностите кои досега се реализирани во рамките на проектот, како и активностите кои ќе следуваат во следниот период.

Членовите на Советот на родители за време на родителските средби во месец април 2021 година ќе ги споделат информациите и презенатцијата со останатите родители во одделенијата каде што тие се претставници.