Во периодот од 17-21.05.2021 година беа реализирани виртуелни активности како дел од краткорочна размена на група ученици во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Креативни читатели“ . Училиште-домаќин на виртуелните активности беше нашето училиште, а во активностите учествуваат 22 наставници и 66 ученици од сите партнер-училишта во проектот: од Хрватска, Грција, Чешка и Латвија, како и 11 ученици и 10 наставници од нашето училиште . Активностите се реализираа преку платформата MS Teams.
Цели:
- учење на стратегии и активности кои го поттикнуваат читањето на креативен и иновативен начин во дигитална средина
- употреба на различни апликации и дигитални алатки за креирање на различни визуелни приказни и постери
- развивање на критичкото размислување и стекнување на вештини за решавање на проблемски ситуации со употреба на различни креативни и иновативни активности за читање
- развивање на комуникациските вештини, стекнување со искуства и создавање на нови пријателства преку колаборативна работа помеѓу учесниците од различни партнер-училишта и различни држави
- развивање на англсиките јазични вештини (подобрување на вештините за разбирање и говорење)
- запознавање со македонската култура, традиции и обичаи
За време на првиот ден (17.05.2021 година) од виртуелните активности го претставивме нашето училиште преку кратко видео изработено од страна на ученици од нашето училиште
Учесниците се запознаа меѓусебе преку интерактивната активност „Две вистини и лага“ и научија нови работи за петте земји партнери во проектот преку интерактивно видео-квиз направено со алатката Edpuzzle.
Атмосферата од реализираните активности на 17.05.2021 година
За време на вториот ден (18.05.2021 година) од виртуелните активности учесниците го започнаа денот со кратка активност за загревање (Ice-breaker): создавање на вируелен облак на зборови со алатката AnswerGarden
Потоа учесниците имаа можност преку интерактивна игра да решаваат загатки (Riddles) користејќи ја алатката Wordwall. Третата активност за време на вториот ден во која учесниците работејќи колаборативно во групи пишуваа приказна по дадени слики.
Атмосферата од реализираните активности на 18.05.2021 година
За време на третиот ден (19.05.2021 година) од виртуелните активности учесниците го започнаа денот со кратка активност за загревање (Ice-breaker), по која следеше креативно-творечка работилница на тема „Книгата ми го осветлува патот по кој чекорам“ во која која учесниците работејќи колаборативно во групи изработуваат постери за промовирање на читањето корисејќи ја алатката Padlet.
Третиот ден го завршивме со кратка драматицазија (role-play) изведена од двајца наши ученици, по која учесниците гласаа преку Poll за тоа со кој лик повеќе се согласуваат: дедото (дека треба повеќе да читаме книги) или внукот (доволно е да се прочита прераскажана кратка верзија на книга)
Атмосферата од реализираните активности на 19.05.2021 година
За време на четвртиот ден (20.05.2021 година) од виртуелните активности учесниците го започнаа денот со кратка активност за загревање (Ice-breaker), по која партнер-училиштето од Грција се претстави со своја активност: презентација на стрип-приказни, а партнер-училиштето од Хрватска презентираа своја традиционална приказна. Потоа учесниците имаа можност преку интерактивна игра да решаваат загатки (Riddles) користејќи ја алатката Wordwall.
Атмосферата од реализираните активности на 20.05.2021 година
За врема на петтиот ден (21.05.2021 година) учесниците имаа можност преку виртуелна тура (Treasure hunt) да го истражат и запознаат главниот град на нашата држава, Скопје посетувајќи виртуелно дел од знаменитостите во градот и да се запознаат во нашата култура, историја и уметност.
Атмосферата од реализираните активности на 21.05.2021 година