Во периодот од 19-23.08.2021 година беше реализирана краткорочна размена на група ученици во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“. Училиште-домаќин беше училиштето од Латвија Staļģenes Vidusskola, а во активностите учествуваат наставници и ученици од сите партнер-училишта во проектот: од Латвија, Естонија и Романија, како и 5 ученици и 2 наставници од нашето училиште.
Главна цел на летниот камп беше запознавање на сите партнер-училишта, државите и нивата култура и традиции и поттикнување на здрав животен стил користејќи го методот на учење преку проекти.
За време на летниот камп беа спроведени следните активности:
- работилница за методот на учење преку проекти
- работилници за промоција на здрав животен стил (здрава храна, физички активности, комункација, стрес менаџмент)
- презентации на своите училиште, држави, традиции и обичаи
- спортски активности во природа
- STEM работилница во природа
- локални прошетки поврзани со теми од предметите биологија, географија, историја и природни науки