Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“ беше одржана мобилност како дел од краткорочна размена на група ученици во периодот од 19-23.08.2021 година на кои училиште-домаќин беше Stalgene Secondary School, Латвија. На мобилноста присуствуваат ученици и наставници од партнер-училиштата од Латвија, Естонија Романија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни 5 ученици: Христијан Јакимов, Марко Павлески, Сара Стевановска, Анастасија Николова и Матеј Павловски.
На 24.09.2021 година се одржа дисеминација на реализираните активностите.
Учениците кои учествуваа на мобилноста, Христијан Јакимов, Марко Павлески, Сара Стевановска, Анастасија Николова и Матеј Павловски, ги преставија активностите од летниот камп на останатите ученици и наставниците членови на СТЕАМ секцијата (Fun science) од нашето училиште. Презентацијата можете да ја погледнете подолу
Презентација од дисeминација-Летен камп, Латвија
Атмосферата од реализираната дисеминација на 24.09.2021 година