Monthly Archives: October 2021

Дисеминација од виртуелните активности како дел од краткорочни настани за обука на заеднички персонал и придружни лица

На 22.10.2021 година беа реализирани виртуелни активности како дел од краткорочни настани за обука на заеднички персонал во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“ . Училиште-домаќин на виртуелните активности беше нашето училиште, а во активностите учествуваат наставници од сите четири партнер-училишта во проектот: од Латвија, Романија и Етонија. Наставници од нашето училиште кои учествуваа во активностите беа: Љубица Ружинска, Валентина Петрова, Елена Кузманова, Даниела Давковска и Весна Стрезовска.

На 29.10.2021 година се одржа дисеминација на реализираните активностите.

Наставниците кои учествуваа на мобилноста ги преставија активностите од виртуелната на останатите наставниците членови на СТЕАМ секцијата (Fun science) од нашето училиште. Исто така беа разгледани правилата за натпреварот на проекти/истражувања на учениците кои заеднички со сите партнер-училишта беа изработени за време на виртуелната мобилност и беше формирана Комисијата за евалуација на проектите која ќе биде составена од 4 членови: помошник директор, двајца наставнци од СТЕАМ секцијата и наставник-родител. На следниот состанок на СТЕАМ секцијата ќе бидат формирани групите на ученици кои ќе работат на проектите/истражувањата и ќе биде назначен наставни-ментор на секоја група.

Петто одделенците беа ТВ презентери/спикери

На 20.10.2021 година учениците од V-1 одделение учествуваа во работилницата „Како да станам ТВ презенетер/спикер“ која е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари дене – одговорни дигитални граѓани утре“. Работилницата беше реализирана од страна на нашиот одделенски наставник, Тања Јосимовска.

Учениците во оваа работилница се запознаа со професијата ТВ презентер/спикер и научија како треба да се однесуваат пред камера. После гледање на неколку видео прилози, учениците имаа за задача да презентираат неколку најави за ТВ прилози. Тие беа организирани во улога на спикери/презентери, сниматели и уредници.

Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк.

Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.

Работилници на тема „Поддршка за време на хибридно учење (Blended Learning Support)“

На 21.10.2021 година од 15:00-17:00 часот се одржаа серија работилници на тема Поддршка за време на хибридно учење (Blended Learning Support) во организација на ЕИТА на којашто присуствуваа едукатори од различни нивоа, добитници на наградата за Иновативна настава, во организација на ЕРАЗМУС+ и Европската комисија за образование. Од нашето училиште учествуваа следните наставници: Валентина Петрова, Мирослава Павлова-Аневска, Магдалена Петреска и Тања Крстевска.

Целите на овој настан беа:

  • Да се создаде место за учесниците во наградените проекти да градат професионална мрежа и заедница на практичари на добри пракси;
  • Да се разменат искуства и идеи помеѓу учесниците во наградените проекти.

Во овој контекст настанот се состоеше од четири работилници што се однесуваа на различните перспективи во поддршката на хибридното учење:

  1. Поддршка на учениците за успешно учество во хибридната настава. – Учесниците разменија идеи за начинот на кој може да им се помогне на учениците; колку проектите (воопшто) може да помогнат; какви дигитални компетенции треба да поседуваат наставниците и како да се подигне нивото на компетенции во семејствата на учениците и сл.
  2. Поддршка на наставниците за успешно изведување на хибридната настава. – Учесниците разговараа за начини за подобрување на професионалниот развој во поглед на пристап и примена на методи за поддршка на хибридната настава.
  3. Поддршка на училиштата за прифаќање и практична примена на хибридната настава. – Учесниците разговараа за тоа какви алатки и ресусрси се потребни во училиштата, вклучувајќи и друго Европско финансирање; како да се вклучат и родителите, локалната средина и бизнис секторот во поддршка на училиштата за изведување хибридна настава; како училишното раководство да ја вклучи хибридната настава во своето стретешко планирање.
  4. Добар баланс помеѓу настава со физичко присуство, дигитална настава и настава на отворено. – се разговараше за вредноста на проектот за транзиција од физичка во дигитална настава; како ЕРАЗМУС+ програмата и други европски иницијативи може да ја поддржат хибридната настава (обуки, опрема и сл.)

Виртуелни активности како дел од краткорочни настани за обука на заеднички персонал

На 22.10.2021 година беа реализирани виртуелни активности како дел од краткорочни настани за обука на заеднички персонал во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“ . Училиште-домаќин на виртуелните активности беше нашето училиште, а во активностите учествуваат наставници од сите четири партнер-училишта во проектот: од Латвија, Романија и Етонија. Наставници од нашето училиште кои учествуваа во активностите беа: Љубица Ружинска, Валентина Петрова, Елена Кузманова, Даниела Давковска и Весна Стрезовска. Активностите се реализираа преку платформата MS Teams .

Во првиот дел од виртуелните активности сите партнер училишта ги презентираа реализираните активности од нивното училиште во рамките на проектот. Презентацијата од нашето училиште можете да ја погледниете подолу

Презентација од реализирани активности во нашето училиште

Во вториот дел од виртуелните активности беше реализирана работна сесија во која учесниците заеднички работеа на критериумите за реализација на проекти/истражување на ученици кои ќе се реалзиараат во сите пратнер-училиште во периодот од ноември 2021 до март 2022.

Во третиот дел од виртуените активности беа презентирани добри пракси од нашето училиште како дел од job-shadowing активност. Презентацијата од оваа активност можете да ја погледниете подолу

Презентација на добри пракси од нашето училиште

Атмосферата од реализираните активности на 22.10.2021 година

Европската награда за иновативна настава (ЕИТА)

Европската комисија започна нова иницијатива во областа на училишното образование – Европска награда за иновативна настава (ЕИТА). Наградата има за цел да презентира најдобри наставни практики спроведени во рамките на Еразмус+ Програмата, и да искаже благодарност до наставниците и нивните училишта кои дале голем придонес во развојот на наставничката професија. Европската награда за иновативно учење ќе ја нагласи важноста на европската соработка во областа на образованието како и создавањето на европска образовна област во периодот до 2025 година.

Специфични цели на Европската награда за иновативна настава (ЕИТА) се следните :

  • да се истакнат  достигнувањата на наставниците и училиштата и да  се даде поголема видливост на нивната работа;
  • да се идентификуваат и промовираат најдобрите практики за настава и учење;
  • да се поттикне меѓусебното учење помеѓу наставниците и училишниот персонал и
  • да се истакне  вредноста на програмата Еразмус+ за европска соработка со наставници.

Има четири категории за Европска награда за иновативна обука:

  • Едукација и грижа за раното детство;
  • Основно образование;
  • Средно образование и
  • Стручно образование и обука.

Секоја година, Комисијата ќе дефинира тематски приоритет со кој треба да се бават проектите избрани за ЕИТА. Со оглед на настанатата ситуација со пандемијата Ковид-19 и во согласност со Акциониот план за дигитално образование, тематски приоритет на ЕИТА Наградата за 2021 година е учење од далечина (distance/blended/hybrid learning).

Победници на Европска награда за иновативна настава ЕИТА 2021

Оваа година имаше 104 добитници на Европската награда за иновативна настава од различни држави од ЕУ. Нашето училиште беше добитник на Европска награда за иновативна настава 2021 во категоријата за основно образование од нашата држава со нашиот Еразмус+ КА101 проект „Создаваме иновативна иднина“ реализиран во 2016/2017 година

248428888_590500915629053_193617844874029470_n

248172164_255290469880362_3431771874066090882_n

На 20.10.2021 година од страна на Европската Комисија беше одржана онлајн церемонија на која беа претставени сите 104 победници.  На следниот линк можете да ги погледнете видеата на сите победници.