Тамара Тодоровска III-5
Monthly Archives: November 2021
Едуино игратон – Детективи во лов на литературни скриени богатства III одд
Едуино игратон – Детективи во лов на литературни скриени богатства I-2
Учениците од I-2 одделение од ООУ„Лазо Ангеловски“ на 30.11.2021 година во рамките на предметот –македонски јазик реализираа активност насловена како „Детективи во лов на литературни скриени богатства“.
Целта на оваа активност е учениците да се запознаат со улогата на библиотеката во училница и да развијат интерес за нејзино користење; развивање љубов кон читањето книги; збогатување на речникот.
Материјали потребни за оваа активност се:
- Уредена училишна библиотека;листови хартија;прибор за цртање
Време за реализација: три дена по 40 минути
Возраст – Развоен период: 5-6 години
Оваа активност траеше неколку наставни часови. Најнапред учениците со помош на наставникот започнаа со преуредување на библиотеката во училницата; со сликовници, книги и енциклопедии кои до тогаш ги имаат прочитано и разработено. Потоа се продолжи со подготовка на листа предизвици кои малите ,,детективи“ ќе се обидат да ги одгатнат трагајќи низ страниците на книгите, сликовниците, енциклопедиите,од полиците на библиотека.На наредниот час малите детективи внимателно ги слушаат поставените предизвици( да ги поврзат ликовите со сликовницата или книгата во која се наоѓаат) и ја започнаа својата авантура. При тоа требаа да ги следат стрелките кои ќе ги однесат до скриеното богатство и откривање на предизвиците.Детективите беа навистина успешни во следењето на стрелките кои ги однесоа пред вратите на училишната библиотека. Таму најнапред ги разгледаа книгите на полиците, а потоа пристапија кон барање и поврзување на ликот со соодветната сликовница или книга.Имаа малку поголем предивик низ мноштвото на книги да ги пронајдат , но ловот на скриените литературни богатства успешно беше реализиран.Следеше разговор и потсетување на содржините на литературните дела кои ги красат полиците на библиотеката и откривање на нови непрочитани содржини.
Резултати од примената на оваа игра:
Учениците ја користат библиотеката во училница и училишната библиотека; самостојно избираат, разгледуваат и разговараат за прочитаните сликовници за деца, книги за деца и сл.
Одделенски наставници на I-2 одделение : Магдалена Петреска и Зорица Божинов
Едуино игратон – Детективи во лов на литературни скриени богатства I-1
Учениците од I-1 одделение од ООУ„Лазо Ангеловски“ на 30.11.2021 год. во рамките на предметот македонски јазик реализираа активност „Детективи во лов на литературни скриени богатства“.
Цели на оваа активност се:
- Детето да се запознава со улогата на библиотеката во училница и да развива интерес за нејзино користење;
- Развивање љубов кон читањето книги;
- Збогатување на речникот.
Активностите се состоеја во тоа што најпрво ја уредуваа библиотеката во училницата, ги подготовуваа листите со предизвици кои малите „детективи“ ќе се обидуваат да ги одгатнат трагајќи низ страниците на сопствените книги, сликовници, енциклопедии, лектирни изданија од полиците на библиотека.
Малите детективи работеа во групи, внимателно ги читаа(разгледуваа) поставените предизвици и ја започнуваа својата авантура низ страниците на книгите откривајќи ги „скриените бoгатства“, потоа со помош на наставикот ги запишуваа насловите и името на авторот на книгите во кои го препознале дадениот предизвик.
Одделенски наставник: Емилија Сарафилоска I– 1 одд.
Едуино игратон – Кружен календар I-2
Учениците од I-2 одделение од ООУ„Лазо Ангеловски“ на 30.11.2021 година во рамките на предметот –македонски јазик реализираа активност насловена како „Кружен календар“.
Целта на оваа активност е запознавање со мерните единици за време; идентификување и подредување на броеви, денови во седмицата и месеци во годината; користење соодветни мерни единици за мерење на време(ден, месец, година); стекнување на навики за меѓусебна соработка
Материјали потребни за оваа активност се:
- хартија; тенок картон; ножички; лепак; три торбички во три бои
Време за реализација: 30 минути
Возраст – Развоен период: 5-6 години
Активноста „Коцкаста приказна“ е наменета за деца од 6 до 8 годишна возраст и им помага при користење на мерните единици за време, идентификување и подредување на броеви, денови во седмицата и месеци во годината. Активноста е идеална за стекнување на навики за меѓусебна соработка, како и подобрување на сопствената мотивација и истрајност.
Учениците беа поделени во шест групи по пет деца. Секоја група доби по едно „Весело торбиче“ и шаблон од еден круг. Во секое од торбичињата се наоѓаат исечени кругчиња на кои во едно се испишани броевите, во друго деновите и во третото месеците.Учениците извлекуваат од торбичињата и ги подредуваат според правилниот редослед. Истите ги лепат на шаблоните од круговите кои се различни по големина. Прв и најголем е кругот со броевите, втор по големина е кругот со месеците и најмал кругот со деновите во седмицата. Кога сите групи ќе завршат со активностите ги соединуваат трите круга во една целина. Потоа на календарот се става и лентата покажувач на која што има три празни полиња.
Резултати од примената на оваа игра:
Учениците именуваат мерни единици за време, броеви и редните броеви; именуваат денови од неделата и месеците од годината; покажуваат интерес за меѓусебна соработка.
Одделенски наставници на I-2 одделение : Магдалена Петреска и Зорица Божинов