Учениците од I-2 одделение од ООУ„Лазо Ангеловски“ на 29.11.2021 година во рамките на предметот – македонски јазик реализираа активност насловена како „Коцкаста приказна“.
Целта на оваа активност е да се збогатува активниот речник; Да се развиваат способности за самостојно усно изразување; Развивање на способности за идентификација на 3Д форма (коцка).
Материјали потребни за оваа активност се:
- Ножици, лепак, конструктивен материјал за изработка на коцка, слики со овошје и зеленчук
Време за реализација: 30 минути
Возраст – Развоен период: 5-6 години
Активноста „Коцкаста приказна“ е наменета за деца од 6 до 8 годишна возраст и им помага при користење на новите зборови во секојдневната комуникација. Преку оваа активност децата учат самостојно да се изразуваат усно.
Учениците беа поделени во пет групи по шест деца. Учениците најнапред требаа со помош на наставникот да изработат коцки и на нив на сите шест страни да залепат овошје и зеленчук(јагода, јаболка, круша, брокула, компир,морков. . . ). Потоа секој ученик во групата имаше за задача да ја фрли коцката и во зависност од тоа што ќе му падне дали овошје или зеленчук да го именува и да ги опише неговите карактеристики
Резултати од примената на оваа игра:
Користење на новите зборови во секојдневната комуникација; Самостојно усно изразување; Идентификација на 3Д форма (коцка).
Одделенски наставници на I-2 одделение: Магдалена Петреска и Зорица Божинов