Monthly Archives: December 2021

Хуманитарната акција по мотото „Да ја збогатиме Божиќната трпеза на социјално загрозените ученици од нашето училиште“

На ден 30.12.2021 година во 11:00 часот се одржа доделувањето на паричите средства од Хуманитарната акција по мотото „Да ја збогатиме Божиќната трпеза на социјално загрозените ученици од нашето училиште“, која традиционално се реализира во нашето училиште и која ја организира Советот на родители. На настанот беа присутни: Сашо Стевановски, претседател на Советот на родител, Дона Коцевски, и Игор Павлески, претставници на Советот на родители.

Паричните средства кои беа собрани во висина од 122.920,00 денари и 5 евра беа рамномерно распределени на четири семејства на ученици од нашето училиште на кои најмногу им е потребна ваква помош во пресрет на празниците.

viber_image_2021-12-30_16-37-43-766

Признание за посебен придонес во заштита на граѓаните и материјалните добра од пожари

Во знак на признание за посебен придонес во заштита на граѓаните и материјалните добра од пожари, Општински противпожарен сојуз, Аеродром се доделени дипломи
  • втора награда – Мила Мавровска
  • трета награда - Филип Димчевски

Тркалезна маса на тема „Младите и медиумите“ во рамките на ЕРАЗМУС+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

На 23.12.2021 година со почеток од 17:30 часот беше реализирана  едночасовна Тркалезна маса на којашто разговараме на тема „Младите и медиумите“. Истате беше реализирана онлајн преку MS Teams платформата. Активноста е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“.

Сакаме да се позборува за состојбата со печатените и дигиталните медуми за деца и млади, потребата од нив, степенот и квалитетот на медиумската писменост кај децата и младите итн. За таа цел, нашите гости-учесници, стручни лица, имаа излагања на темата, секоја од својот домен на стручност и опфат:

  • д-р Жанета Трајкоска од ИКС (Институт за комуникациски студии) – квалитет на пласирани информации во медиумите, медиумска писменост во образованието, младите и медиумите, и сл.
  • м-р Филијана Кока, уредник во МТВ и потпретседател на Здружението на новинарите на РСМ – состојбата со телевизиска програма за деца и млади (филмски, сериски, документарни, интерактивни  итн.);
  • г-ѓа Ксенија Трајчева-Маказлиева, уредник во редакцијата „Детска радост“ – печатени и дигитални списанија за деца и млади.

Настанот беше посетен од страна на членовите на медиумската секција од училиштето, наставници, ученици и нивни родители како и посетители од локалната средина и пошироко.

Отворен ден по Граѓанско образование под мотото „Поттикнување на демократска клима во училиштето”

На ден 22.12.2021 во 12:15 часот (СРЕДА) за прв пат во нашето училиште се спроведе Отворен ден за Граѓанско образование под мотото „Поттикнување на демократска клима во училиштето” подржан и инициран од тимот на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) во соработка со Бирото за развој на образованието, со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Учениците ги презентираа своите Училишните активности “Засади дрво,засадија својата иднина”, “Пријателство наместо насилство” и “Xуманитарна работилница по повод Нова Година”, кои беа реализирани со физишко присуство и онлајн на платормата Zoom. На настанот  беа вклучени представници од БРО, наставници, стручна служба, ученици и родители.

Целта на активностите беше да се поттикне одговорноста на учениците за состојбите и условите во училиштето и заедницата, како и да се зајакне нивната иницијативност за превземање активности за позитивни промени. Истовремено активноста придонесе за промоција на граѓанските вредности на ниво на целото училиште.

Дисеминација на виртуелните активности како дел од краткорочна размена на група ученици во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Креативни читатели“

Во периодот од 8-20.12.2021 година беше извршена дисеминација на виртуелните активности за краткорочната размена на група ученици во рамките на Еразмус проектот „Креативни читатели“, а чиј домаќин беше чешкото училиште Zakladniskola a Materskaskola од Опава. Дисеминацијата ја следеа приближно 450 ученици од генерациите V, VI и VII одделение.

Учениците од V, VI и VII одделение кои беа учесници во виртуелната мобилност за ученици, им го пренесоа дожувавањето на своите соученици од активностите во кои имаа можност да другаруваат со ученици од четирите партнер училишта „Josip Kozarac“, Липовљани, Хрватска, Zakladniskola a Materskaskola, Опава, Чешка, 4 DIMOTIKO PEFKON, Солун, Грција, SaldusnovadapasvaldibasDruvasvidusskola, Салдус, Латвија. Тие ја објаснија целта на оваа дружба – нагласување на полезноста и важноста на читањето, развивањето на критичкото размислување, но исто така го пренесоа и задоволството од можноста да комуницираат со деца од други земји, да научат повеќе за другите култури, особено да слушнат повеќе автентични народни приказни, да дознаат повеќе за одредени автори од овие земји, како и да се натпреваруваат во различни игри со останатите учесници.

Исто така, ги споделија впечатоците од запознавањето со знаменитостите на Република Чешка и нејзиниот главен град Прага.

Атмосферата од дисеминацијата