Daily Archives: 01/12/2021

Едуино игратон – Коцкаста приказна III одд.

Активностите на учениците од III одделение се реализираа на ден 01.12.2021 год.
Програмско подрачје: Македонски јазик
Цели: Да се збогатува активниот речник; Да се развиваат способности за самостојно усно и писмено изразување; Да се применуваат изучените граматички и правописни правила при писменото изразување;Развивање на способности за идентификација на 3Д форма (коцка).
Резултати: Користење на новите зборови во секојдневната комуникација; Самостојно усно и писмено изразување; Примена на изучените граматички и правописни правила во писменото изразување; – идентификација на 3Д форма (коцка).
Краток опис на активноста: На учениците им се дава готов шаблон на коцка и слики соодветни на коцката за да се исечат и залепат.
Преку разговор и упатство на децата им се објаснува начинот и постапката на играта.
Активноста „Коцкаста приказна“ е наменета за деца од 6 до 8 годишна возраст и им помага при користење на новите зборови во секојдневната комуникација. Преку оваа активност децата учат самостојно да се изразуваат усно и писмено, како да ги применуваат изучените граматички и правописни правила во писменото изразување и како да индентификуваат 3Д форма.
Учениците работеа на техниката Петторед. Секој од нив ја фрлаше коцката и именката (овошје, зеленчук) што им се падна ја запишуваа на лист. Потоа за истата именка запишуваа род и број; ја запишуваа именката на кирилица печатно, ракописно и латиница печатно; опис на именката со 4 зборови и извична реченица со 5 зборови.
Одделенски наставници:
Билјана Кузевска III-1
Гордана Камческа Ѓоревска III-4

Тамара Тодоровска III-5