Monthly Archives: April 2022
Втора ученичка размена во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“
Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ (Young journalists today – responsible digital citizens tomorrow) беше одржана втората ученичка размена во периодот од 11-15.04.2022 година во која домаќин беше нашето училиште. На размената присуствуваат 31 ученик и 16 наставници од партнер-училиштата од Хрватска, Романија, Србија и Македонија.
Темата на оваа размена е “Моќта на медиумите“, а преку планираните активности за време на мобилноста беа опфатени следните аспекти:
- одговорност на новинарот наспрема одговорност на читателот,
- влијание на медиумите врз општеството и социјалниот живот и
- контрола на информациите.
На 11.04.20222 година, гостите, ученици и наставници од партнер училиштата, по пристигнувањето во училиштето беа поздравени од в.д. директорката, м-р Магдалена Петреска, која им посака топло добредојде и се осврна на проектот и неговата важност за идните генерации истакнувајќи дека сега кога живееме во време на отворено и брзо пласирање на информации нашите деца треба да знаат како да ја проверуваат веродостојноста на истите, да ги препознаваат дезинформациите и како во иднина одговорно самите тие да пласираат информации. Само така може да имаме добро информирани идни граѓани и веродостојни информации. Потоа таа истакна дека не само што проектот придонесува за иднината на децата, туку и придонесува кон создавање на спомени на училишните клупи преку склопување нови пријателства и силни врски кои се едни од најголемите придобивки во еден човечки живот.
Потоа гостите проследија пригодна приредба изведена од нашите ученици на која беше прикажана куса драматизација поврзана со обичаите за Велигден и народни ора. Во текот на денот следеа активности за тим-билдинг и меѓусебно запознавање на учениците, посета и прием во општина Аеродром и проследување на првиот дел од презентациите за Македонија, а во пладнивните и вечерните часови во опуштена атмосфера имаше заеднички ручек и вечера со сите гости.
Во текот на останатите четири ден од ученичката размена се реалаизираа повеќе работилници поврзани со темата на размената и во склад на целите на проектот и тоа: „Моќта на медиумите“, „Да бидеме реални“, „Дали е трик или го заслужува мојот клик?“ и „Филтирани меурчиња“. Учесниците на размената исто така имаа можност да се запознаат со културата, обичаите и знаменитостите на градот Скопје и нашата држава преку презентации кои сами ги подготвија како и културните посети кои се реалзираа во текот на размената: шетачка тура низ градот Скопје проследена со лов на богатство, како и посета на археолошкото наоѓалиште Стоби. Истовремено преку различните видови на неформали активности во училиштето и надвор од него учесниците имаа можност да се дружат, забавуваат и да формираат нови пријателства со своите со-учесници од различните држави.
Атмосферата за време на првиот ден од размената
Атмосферата за време на вториот ден од размената
Атмосферата за време на третиот ден од размената
Атмосферата од Treasure hunt активноста за време на шетачката тура низа Скопје
Атмосферата за време на четвртиот ден од размената
Атмосферата за време на петтиот ден од размената
Краткорочна размена на група ученици во рамките на Еразмус +КА229 проектот “Поинакво образование во училницата во природа”
Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образовавие во училницата во природа“ (Slow down education in the nature) беше одржана краткорочна размена на група ученици во периодот од 04-07.04.2022 во Естонија. На обуката присуствуваат ученици и наставници од партнер-училиштата од Естонија. Латвија, Романија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни следните ученици: Марко Панчевски, Марко Боневски, Олег Петровски, Павел Зафировски, Ангела Крстевска и Миа Сидовска, в.д. директорката Магдалена Петреска и дефектологот Тина Симиќ-Ацковска.
Цел:
- Запознавање на сите партнер училишта
- Запознавање на државите учесници, нивната култура и традиции
- Потикнување на здрав животен стил
- Запознавање со модулот Slow Life lifestyle
- Запознавање со начини на учење на ученици кои не зборуваат
- Поттикнување на свеста за штетата и последиците кои може да ги донесе војната.
Ден 1 (04.04.2022)
- Игри за запознавање на учесниците
- Тура низ училиштето Паладе
- Посета на Rock study house и Cultural heritage study house
- Интернационална вечер, учениците ги презентираат своите истражувачки проекти
Ден 2 (05.04.2022)
- Работилница прв дел: Совети и трикови како да ги визуализираме нашите идеи и како да создаваме добри постери
- Работилница втор дел: Работа во групи и изработка на постери против војна
- Часови на отворено и пикник во природа
- Вечерна прошетка во природа со фенери
Ден 3 (06.04.2022)
- Посета на Windtower experience center
- Посета на општината
- Flashmob против војна на градскиот плоштад
- Посета на најстариот светилник во Европа кој работи Kopu Lighthouse
- Посета на Ristna Center of nature education, пикник и учење во природа
- Ноќна тура во Suuremoisa Manor
Ден 4 (07.04.2022)
- Посета и тура низ училиштето Suuremoisa
- Работилниц во училиштето Suuremoisa
- Посета на Kardla sport center
- Забава и пливање во базен
- Завршна вечер
Краткорочна обука на наставници во рамките на Еразмус +КА229 проектот “Поинакво образование во училницата во природа”
Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образовавие во училницата во природа“ (Slow down education in the nature) беше одржана краткорочна обука на наставници во периодот од 04-06.04.2022 во Естонија. На обуката присуствуваат наставници од партнер-училиштата од Естонија. Латвија, Романија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни следните наставници: Даниела Давковска, Елена Кузманова, Донка Митева и Весна Мирчевска.
Стекнати знаења:
- Запознавање со традицијата, културата и обичаите на Естонија и нивниот образовен и инклузивен систем
- Запознавање со модулот Slow Life lifestyle
- Поттикнување на здрав животен стил
- Поттикнување на креативност и критичко мислење
- Зголемена вештината за соработка
- Подобрување на вештините за странски јазик
- Зголемена свест за последиците од војна
- Оспособување за работа со ученици кои не зборуваат
Обука за обука за развивање на креативноста и критичкото размислување во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Градеме нови мостови – размислувај надвор од кутијата“
Во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Градеме нови мостови – размислувај надвор од кутијата“ во периодот од 27.03-02.04.2022 година беше посетена обуката за развивање на креативноста и критичкото размислување во Љубљана, Словенија. Обуката беше реализирана од страна на на интернационален тренинг провајдер PRIMERA , Љубљана, Словенија. На обуката беа присутни наставници од нашето училиште: Валентина Петрова, Тања Јосимовска и Емилија Сарафилоска, како и наставници од Хрватска.
Цели на обуката беа:
- стекнување со нови вештини и компетенции со кои ќе можат да се подобрат СТЕМ содржините и/или СТЕМ проекти во основните училишта;
- стекнување со знаења како да се поттикне детската имагинација и природниот дар на поставување прашања преку спроведување на научен начин на размислување и научна методологија во нивните истражувања.
Во следниот период, наставниците кои ја посетија обуката ќе одржат интерни обуки на останатите наставници во училиштето (работилници, отворени часови, менторство на наставници и сл.) како и дисеминација на локално и национално ниво преку организирање на обуки за наставници од училишта од општина Аеродром и пошироко.