Daily Archives: 13/05/2022

Дисеминација од две мобилности: краткорочна обука на наставници и краткорочната размена на група ученици во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“ беа одржани две мобилности: краткорочна обука на наставници и краткорочна размена на група ученици во периодот од 04-07.04.2022 година на кои училиште-домаќин беше Palade Põhikool, Естонија. На мобилностите присуствуваат ученици и наставници од партнер-училиштата од Латвија, Естонија Романија и Македонија. Од нашето училиште на краткорочната обука на наставници учествуваа 4 наставници: Даниела Давковска, Елена Кузманова, Донка Митева и Весна Мирчевска, а на краткорочната размена на група ученици учествуваа 6 ученици: Марко Панчевски, Марко Боневски, Олег Петровски, Павел Зафировски, Ангела Крстевска и Миа Сидовска.

На 13.05.2022 година се одржа дисеминација на реализираните активностите.

Учениците и наставниците кои учествуваа на мобилностите, ги преставија активностите од двете обуки на останатите ученици и наставници членови на СТЕАМ секцијата (Fun science) од нашето училиште. Презентацијата можете да ја погледнете подолу

Презентација од дисеминација Естонија

Атмосферата од реализираната дисеминација на 13.05.2022 година