Daily Archives: 14/05/2022

Работилница „Кога комплицираното станува забавно и лесно разбирливо“ (интерни обуки за наставници)

Во месец мај (7.05 и 14.5 2022 година) беа реализирани 2 работилници за развивање на креативноста и критичкото размислување на тема „Кога комплицираното станува забавно и лесно разбирливо“.

Темите опфатени во обуката беа:

  • Запознавање со Љубљана и Примера
  • Што е СТЕМ?
  • Зошто науката е интересна?
  • Како да се направи науката забавна?
  • Учење базирано на експерименти
  • Експеримент 1: Зошто пукаат пуканките?
  • Како наставникот да ги мотивира учениците?
  • (hands-on) Практичен  приод во истражувањето
  • Експеримент 2: Како правилно да се заштитиме од УВ зраци?
  • Кои ресурси може да ни помогнат?
  • Експеримент 3:  Што ќе се случи со пламенот од свеќата?
  • Експеримент 4:  Зошто лентите бегаат?

Работилниците беа дел од дисеминацијата од посетената обуката за креативност и критичко размислување во Љубљана, Словениа во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Градеме нови мостови – размислувај надвор од кутијата“ во периодот од 27.03-02.04.2022 година и беа реализирани од страна на наставниците: Тања Јосимовска, Емилија Сарафилоска и Валентина Петрова.

Таргет групата на работилниците беа одделенските и предметните наставници и стручни соработници од нашето училиште, ООУ „Лазо Ангеловски“, како и наставници од училиштата од општина Аеродром и Кисела Вода. Работилниците беа посетени од вкупно 40 наставници.

Атмосферата за време на работилницатите на 7.5.2022 година

Атмосферата за време на работилницатите на 14.5.2022 година