Daily Archives: 19/05/2022

Дисеминација на активностите како дел од краткорочните размени на групи ученици во Грција и Латвија во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Креативни читатели“

На 17-18.05.2022 година беше извршена дисеминација на активностите за краткорочните размени на групи ученици кои се одвиваа во рамките на Еразмус+ проектот „Креативни читатели“, а чии домаќини беа грчкото училиште 4 Demotikon Pefka  од Солун, Грција и Saldus novada pasvaldibas Druvas Vudusskola, Салдус, Латвиа. Дисеминацијата ја следеа приближно 150 ученици од генерациите VII одделение и 30 ученици од IV одделение.

Учениците од VII одделение кои беа учесници во двете мобилности за ученици, им го пренесоа дожувавањето на своите соученици од активностите во кои имаа можност да другаруваат со ученици од четирите партнер училишта „Josip Kozarac“, Липовљани, Хрватска, Zakladniskola a Materskaskola, Опава, Чешка, 4 DIMOTIKO PEFKON, Солун, Грција, SaldusnovadapasvaldibasDruvasvidusskola, Салдус, Латвија. Тие ја објаснија целта на оваа дружба – нагласување на полезноста и важноста на читањето, развивањето на критичкото размислување, но исто така го пренесоа и задоволството од можноста да комуницираат со деца од други земји, да научат повеќе за другите култури, особено да слушнат повеќе автентични народни приказни, да дознаат повеќе за одредени автори од овие земји, како и да се натпреваруваат во различни игри со останатите учесници.

Тие презентираа дел од активностите кои ги имаа во училиштата во Солун и Салдус и ги споделија со соучениците објаснувајќи што сметаат дека им било интересно и полезно и при тоа објаснија што ново научиле, не само во академски поглед туку и во културолошки поглед.

Исто така, ги споделија впечатоците од запознавањето со знаменитостите на Грција и градот Солун, а исто така и од Салдус и Рига, во Латвија.

Презентацијата од дицеминацијата од ученичката размена во Грција е достапна на следниот линк

Презентацијата од дицеминацијата од ученичката размена во Грција

Презентацијата од дицеминацијата од ученичката размена во Латвија е достапна на следниот линк

Презентацијата од дицеминацијата од ученичката размена во Латвија

Четврта ученичка размена во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Креативни читатели“

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Креативни читатели“ (Creative readers) беше одржана четврта ученичка размена во периодот од 09-13.05.2022 во Салдус, Латвиа. На размената присуствуваат ученици и наставници од партнер-училиштата од Хрватска, Чешка, Латвија, Грција и Македонија. Од нашето училиште беа присутни координаторот на проектот, Мирослава Павлова-Аневска, наставничката Анета Димовска како и учениците: Александра Митевска, Теона Анѓеловска, Михаил Мицковски, Леонид Блажевски и Мила Настевска.

Главните цели на ученичката размена беа:

  • да се запознаат со литературни дела на автори од Латвија и креативно да ги изразат своите интерпретации и доживување на истите
  • да анализираат дела и нивната содржина преку (компјутерски) игри.
  • Да го осознаат творечкиот процес на едно дело преку средба со млад автор кој започнал да твори уште на тинејџерска возраст.
  • да се здобијат со интеркултурни знаења со цел да се зголеми толеранцијата кон разновидноста преку осознавање на традиционалните танци и песни во Латвија, посета на националната библиотека и други културно-историски споменици.

09.05.2022

Во текот на првиот ден на посетата на училиштето-домаќин на  на размената, Druvas Vidusskula, Салдус, Латвија, беше направено разгледување на училиштето во кое се одржаа првите активности од размената (запознавање на учениците од училиштето домаќин и учениците гости и поделба на подароци). Потоа сите учениците беа поделени во неколку групи и учествуваа во активност за себепретставување.

Aктивности кои следеа вклучуваа Escape game заснована на најпозната латвиска бајка наречена „Спридитус“ во која требаше да се анализираат ликови и делови од содржината на приказната и драматизација на приказната „Погоди кој рече мјау“ со употреба на глас или активност кои отсликуваат различни чувства.

Потоа учениците проследија концерт по повод денот на независноста на Латвија кој вклучуваше и модерна интерпретација на познати традиционални латвиски песни. По оваа програма беше направена посета на културно историски знаменитости на гратчето Салдус.

10.05.2022

Во текот на вториот ден беше изведена екскурзија до Шумата на бајките во Тервете каде што учениците имаа можност да пронаоѓаат дрвени скулптури од ликови од латвиски приказни а истовремено и да се запознаат со флората и фауната на шумата во која се наоѓаа. Учениците направија листа на ликови кои успеаја да ги пронајдат и добија информацииза тоа од кои приказни пвие ликови доаѓаат.

Потоа гостинските ученици поминаа пополадне со латвиски семејства и се запознаа поодблизу со начинот на живот во Латвија како и со нивните традиционални јадења.

11.05.2022

Во текот на третиот ден, учениците имаа можност да дискутираат за процесот на творење на едно дело со младата латвиска авторка Ieva Samauska која детално го опиша процесот на создавање на еден тинејџерски роман како и фазите низ кој минува еден писател, како и процесот на издавање на едно дело. Учесниците имаа можност да поставуваат прашања поврзани со нејзиниот роман и нејзините искуства како писател.

Во следната активност учениците се запознаа со делото на уште еден латвиски писател и поет Imants Ziedonis и неговите „Шарени приказни“ и да видат и слушнат приказни за две различни бои. Потоа учениците беа поделени во мешани групи и работеа на создавање на своја шарена приказна поврзани со една боја при тоа изработувајќи сликовници, драматизации или постери за истата.

Во последниот дел од денот учесниците посетија две познати гратчиња Кулдига и Вјентспил. Во Кулдига имаа можност да го посетат Live Museum каде што беа подетално запознати со историјата на самото гратче, како и со природните знаменитости на истото (најширокиот водопад во Европа), а во Вјентспилс имаа можност да видат едно од латвиските пристаништа.

12.05.2022       

Во текот на четвртиот ден секое партнер училиште го презентираше преку презентација своето училиште и својата земја пред ученици од училиштето домаќин при тоа запознавајќи ги со знаменитостите на својата земја, град и со училиштето од кое доаѓаат.

Потоа мешаните групи имаа проба за презентирање на своите Шарени приказни, потоа истите ги презентираа пред учесниците и учениците домаќини.

Гостинските ученици потоа имаа можност да проследат изведби од различните секции на училиштето како секцијата за традиционални танци, традиционални песни како и театарската импровизирачка секција.

Во последниот дел од денот учениците гости и учениците домаќини ја посетија библиотеката на Салдус и беа запознати со нејзината организација како и различните активности кои ги организира за да ги мотивира младите да читаат.

13.05.2022

Последниот ден се организираше посета на главниот град на Латвија Рига и посета на Националната Библиотека и разгледување на нејзините капацитети како и приказната за нејзиното градење и опремување.

Потоа се разгледа центарто (стариот дел) од градот каде што координаторот на училиштето домаќин ги запозна гостите до неговите знаменитости.