Monthly Archives: September 2022

Краткорочна обука на наставници во рамките на Еразмус +КА229 проектот “Поинакво образование во училницата во природа”

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образовавие во училницата во природа“ (Slow down education in the nature) нашето училиште беше домаќин на краткорочна обука на наставници во периодот од 26-28.09.2022. На обуката присуствуваат наставници од партнер-училиштата од Естонија. Латвија, Романија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни: в.д. директорката, Магдалена Петреска, координаторот Љубица Ружинска и наставничкат по физика, Жаклина Колевска.

Цел:

  • Запознавање на сите партнер училишта
  • Запознавање на државите учесници со културата, традициите и природните богатства на РС Македонија
  • Запознавање со македонскиот училишен систем
  • Потикнување на здрав животен стил
  • Размена на искуства за имплементација на активности во процесот на учење

Стекнати знаења:

  • Запознавање со традицијата, културата, обичаите и природните богатства на РС Македонија и нивниот образовен и инклузивен систем
  • Поттикнување на здрав животен стил
  • Поттикнување на креативност и критичко мислење
  • Зголемена вештината за соработка
  • Подобрување на вештините за странски јазик