Monthly Archives: October 2022

Дисеминација од активности од Еразмус+ КА229 проект „Поинакво образование во училницата во природа“

По повод обележување и прославување на Erasmusdays 2022 на 14.10.2022 година наставникот Даниела Давковска и дел од членовите од тимот за реализација на проектот направија дисеминација од активностите од Еразмус+ КА229 проект „Поинакво образование во училницата во природа“ (Slow down education in the nature). Пред присутните беа претставени реализираните активности од целиот проект.

https://www.erasmusdays.eu/event/presentation-of-the-erasmus-ka229-project-slow-down-education-in-the-nature/

Презентација од сите реалзирани активности во рамките на проектот

Дисеминација од две мобилности: краткорочна обука на наставници и краткорочната размена на група ученици во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“ беа одржани активности како дел од краткорочна обука на наставници и размена на ученици во периодот од 26-30.09.2022год. на кои нашето училиште беше домаќин. 

На мобилноста присуствуваа членови од партнер-училиштата од Латвија, Романија и Естонија. Од нашето училиште беа присутни в.д. директорката Магдалена Петреска, наставниците: Љубица Ружинска, Елена Кузманова, Даниела Давковска, Донка Митева, Жаклина Колевска, Слободан Стаматовски, и учениците: Марија Петреска, Ангела Крстевска, Миа Сидовска и Марко Панчевски.

На 13.10.2022 година се одржа дисеминација на реализираните активности како дел од активностите за обележување на Erasmusdays 2022

https://www.erasmusdays.eu/event/dissemination-of-students-and-teachers-mobility/ 

Учениците и наставниците кои учествуваа на мобилностите, ги преставија активностите од двете обуки на останатите ученици и наставници членови на СТЕАМ секцијата (Fun science) од нашето училиште. Презентацијата можете да ја погледнете подолу

Презентација од дисеминацијата од две мобилности во Македонија

Атмосферата од реализираната дисеминација на 13.10.2022 година

Краткорочна размена на група ученици во рамките на Еразмус +КА229 проектот “Поинакво образование во училницата во природа”

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образовавие во училницата во природа“ (Slow down education in the nature) нашето училиште беше домаќин на краткорочна размена на група ученици во периодот од 26-30.09.2022 . На обуката присуствуваат ученици и наставници од партнер-училиштата од Естонија. Латвија, Романија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни следните ученици: Марија Петреска, Ангела Крстевска, Миа Сидовска, Марко Панчевски и следните наставници: Даниела Давковска, Елена Кузманова, Донка Митева, Слободан Стаматовски.

Цели:

  • Запознавање на сите партнер училишта
  • Запознавање на државите учесници со културата, традициите и природните богатства на РС Македонија
  • Запознавање со македонскиот училишен систем
  • Потикнување на здрав животен стил
  • Размена на искуства за имплементација на активности во процесот на учење

Ден 1

  • Кратка драматизација од учениците за добредојде на учесниците во училиштето-домаќин
  • Тим билдинг активности за запознавање на учесниците
  • Посета на општина Аеродром и прием кај градоначалникот
  • Час на отворено

 Ден 2

  • Посета на ботаничка градина
  • Посета на Кале тврдината
  • Прошетка низ Скопје со туристички водич

 Ден 3

  • Посета на едукативниот центар на ХЕЦ Матка
  • Прошетка со чамец по кањонот Матка и посета на пештерата Врело
  • Посета на Водно и Милениумскиот крст

Ден 4

  • Патување во Охрид
  • Активности на отворено покрај брегот на Охридско Езеро
  • Културна вечер

Ден 5

  • Посета на музејот на вода „Заливот на коските“
  • Посета на манастирот Св. Наум и прошетка со брод до охридските извори
  • Прошетка низ Охрид со туристички водич