Учениците Александар Цветковски од 8 -1 одд. и ученичката Ема Котевска од 9-5 одд., под менторство на проф. Слаѓана Крстевска, присуствуваа на свеченото доделување на дипломите од сите државни натпревари по француски јазик, организирани во текот на учебната 2022 / 2023 година. Свеченоста се одржа на 22 април 2023 година во хотелот Холидеј Ин.
Во истата прилика ученичката Ема Котевска се претстави и на финалниот дел од државниот натпревар во француска шансона со песната ”Premier amour” од Nour и постигна одлични резултати.
Учениците беа наградени за постигнатите успеси со медали и со престој на еднонеделен летен франкофонски камп, организиран од фондацијата Bel Ideal од Франција. Кампот ќе се одржи во месец јуни 2023 година во Михајлово.