Monthly Archives: May 2023
Државен натпревар по математика
Конкурс за избор првенец на генерација 2014-2023 година
Конкурсот за избор првенец на генерација 2014-2023 година ќе трае од 16.05 – 06.06.2023 година.
Правилник за избор на првенец на генерациија
Концерт под наслов „Аманетот на баба ми“
На 10.05.2023 год. во 19:00 часот во Домот на АРМ се одржа концерт под наслов „Аманетот на баба ми“. Целта на овој концерт беше да се оживее традицијата, обичајот, орото и песната на еден народ. Кај учениците да се развие љубов и почит кон традицијата, Драмската секција која ја раководи наставничката по Македонски јазик Костадинка Поповка ги раскажа обичаите, хорот ги испеа композициите:Ајде слушај Калеш Анѓо и Чае шукарие. Беа одиграни и ората: Грбач, Тресеница, Водарки и Ќупурлика под водство на наставничката по музичко образование Тања Крстевска. Со овој концерт докажаа дека се достојни следбеници на Аманетот на еден народ. Целиот концер беше проследен со многу аплаузи од публиката. Вака се продолжува традицијата и ние сме горди на нашите ученици.
Натпревари по музичко образование
Училишниот Хор на нашето училиште се натпреваруваше на општински и регионален натпревар во Хорови одрганизиран од страна на ЗМП и во голема конкуренција се закити со 2 место.Честитки до учениците и наставничката Тања Крстевска за постигнатиот успех.
Мандолинскиот оркестар на нашето училиште, постигна голем успех, со освојување на 1 место на Регионалниот натпревар со 98 бода и заслужен пласман на Државниот натпревар на оркестри во Валандово, организиран од Здружението на Музички педагози, каде што освои 1 место со 92 бода. Честитки до учениците и до наставничката по музичко образование Наташа Димоска за постигнатиот успех.
Учениците Калина Антовска IX-6 одд. Доротеа Барбутова VI-3 одд. и Александра Митевска VIII-3 одд. под менторство на наставничката по Музичко образование Тања Крстевска постигнаа голем успех на општинскиот и регионалниот натпревар организиран од страна на ЗМП во категорија Вокални интерпретатори и го освоија 1 место и се здобија со пласман на ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР кој се одржа во Прилеп на ден 06.05.2023 во Домот на културата,и ги постигнаа следните резултати.
- Калина Антовска 1 место-99 бода
- Доротеа Барбутова 1 место-91 бод
- Александра Митевска 2 место-83 бода.