Daily Archives: 08/05/2023

Натпревари по музичко образование

Училишниот Хор на нашето училиште се натпреваруваше на општински и регионален натпревар во Хорови одрганизиран од страна на ЗМП и во голема конкуренција се закити со 2 место.Честитки до учениците и наставничката Тања Крстевска за постигнатиот успех.

Мандолинскиот оркестар на нашето училиште, постигна голем успех, со освојување на 1 место на Регионалниот натпревар со 98 бода и заслужен пласман на Државниот натпревар на оркестри во Валандово, организиран од Здружението на Музички педагози, каде што освои 1 место со 92 бода. Честитки до учениците и до наставничката по музичко образование Наташа Димоска за постигнатиот успех.

Учениците Калина Антовска IX-6 одд. Доротеа Барбутова VI-3 одд. и Александра Митевска VIII-3 одд. под менторство на наставничката по Музичко образование Тања Крстевска постигнаа голем успех на општинскиот и регионалниот натпревар организиран од страна на ЗМП во категорија Вокални интерпретатори и го освоија 1 место и се здобија со пласман на ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР кој се одржа во Прилеп на ден 06.05.2023 во Домот на културата,и ги постигнаа следните резултати.

  • Калина Антовска 1 место-99 бода
  • Доротеа Барбутова 1 место-91 бод
  • Александра Митевска 2 место-83 бода.

Државен натпревари по англиски јазик

На 6.05.2023 година се одржа Државниот натпревар по англиски јазик. Нашето училиште беше домаќин на овој натпревар.

Учениците ги освоија следните резултати:

V одд
Наставник-ментор: Маја Тенев
21 место – Андреа Гривчевска (V-4 одд)
22 место – Филип Панајотов (V-5 одд)
VI одд
Наставник-ментор: Љубица Ружинска
7 место – Доротеа Барбурова (VI-3 одд)
17 место – Тео Велески (VI-5 одд)
VIII одд
Наставник-ментор: Мирослава Павлова-Аневска
13 место – Ведран Неделковски (VIII-5 одд)
26 место – Михаил Мицковски (VIII-5 одд)
IX одд
Наставник-ментор: Морфа Петровска
11 место – Ева Георгиевска (IX-3 одд)