На 10.05.2023 год. во 19:00 часот во Домот на АРМ се одржа концерт под наслов „Аманетот на баба ми“. Целта на овој концерт беше да се оживее традицијата, обичајот, орото и песната на еден народ. Кај учениците да се развие љубов и почит кон традицијата, Драмската секција која ја раководи наставничката по Македонски јазик Костадинка Поповка ги раскажа обичаите, хорот ги испеа композициите:Ајде слушај Калеш Анѓо и Чае шукарие. Беа одиграни и ората: Грбач, Тресеница, Водарки и Ќупурлика под водство на наставничката по музичко образование Тања Крстевска. Со овој концерт докажаа дека се достојни следбеници на Аманетот на еден народ. Целиот концер беше проследен со многу аплаузи од публиката. Вака се продолжува традицијата и ние сме горди на нашите ученици.