Трета ученичка размена во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ (Young journalists today – responsible digital citizens tomorrow) беше одржана третата ученичка размена во периодот од 30.05-03.06.2022 година во Александрија, Романија. На размената присуствуваат ученици и наставници од партнер-училиштата од Хрватска, Романија, Србија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни координаторот на проектот, Љубица Ружинска и наставничкта, Валентина Петрова, како и учениците: Ана Гривчевска, Ева Ѓуриќ, Горјан Азманов, Лука Ѓуриќ и Карло Тодоровски .

Темата на оваа размена беше “Да откриеме заедно што се крие зад вестите“, а преку планираните активности за време на мобилноста беа опфатени следните аспекти:

  • да се истажи што се крие зад вестите;
  • на критички начин да се анализираат техниките, јазикот и содржината кои се користат во медиумите како и пораките кои тие ги пренесуваат;
  • медиумите да се користат за изразување и пренесување на идеи, информации и мислења на креативен начин;
  • да се идентификува и да се избегнува содржина која може да биде непожелна, шокантна или штетна.

За време на посетата на учесниците имаа можност да го посетат училиштето-домаќин „ Mihai Eminescu“ во кое се одржаа првите активности од размената (запознавање на учениците и презентација на презентациите за Романија кои ги изготвија самите ученици пред доаѓањето на размената). Исто така беше проследена претстава подготвена од најталентираните ученици во училиштето.

Во текот на останатите денови од ученичката размена се реалаизираа повеќе работилници поврзани со темата на размената и во склад на целите на проектот и тоа: „Сензационализам“, „Што се крие зад вестите“, „Дали се почитуваат детските права онлајн?“ и „Како да пронајдеме сензационлистички вести“.

Бидејки целта на овој проект е да научат за вестите и новинарството, тие ја посетија романската телевизија Digi TV, каде имаа можност да го истражат процесот на објавување на вест во медиумите.

За време на мобилноста се обрна внимание и на културната компонента преку учество во неколку активности: посета на знаминитости во градот Александрија, шетачка тура на Букурешт и посета на националниот парк Комана во кој учениците имаа можност да го посетат адреналинскот парк. Истовремено преку различните видови на неформали активности во училиштето и надвор од него учесниците имаа можност да се дружат, забавуваат и да формираат нови пријателства со своите со-учесници од различните држави.

Атмосферата за време на првиот ден од размената

Атмосферата за време на вториот ден од размената

Атмосферата за време на третиот ден од размената

Атмосферата за време на четвртиот ден од размената

Атмосферата за време на петтиот ден од размената