На ден 26.2.2016 година во ООУ„Лазо Ангеловски“ се одржа првиот од четирите концерти на класична музика наменети за деца во организација на Пламенка Трајковска-мали камерни состави во рамките на проектот „Класика за деца“. Концертот насловен како „Гудачки квартет во наше маало“ за учениците претставуваше вистинско уживање и побуди посебен интерес за гудачките музички инструменти.