Општински натпревар по англиски јазик за основно образование

На општинскиот натпревар по англиски јазик за основно образование одржан на 26.03.2016 година од страна на ЕЛТАМ-Асоцијација на наставници по англиски јазик на РМ, акредитирана за организирање на натпреварите по англиски јазик од страна на МОН, учествуваа 4 ученици од нашето училиште и ги постигнаа следните резултати:

На натпреварот за V одделение:

I место - Милијана Стојановиќ V-4 одд, ментор Морфа Петровска

I место - Мартина Јаначковска V-6 одд, ментор Морфа Петровска

На натпреварот за IX одделение:

I место – Ема Шамаковска IX-2 одд, ментор Мирослава П. Аневска

III место – Ана Мaрија Јанкова IX-5 одд,  ментор Мирослава П. Аневска

Со ова учениците се пласираа за учество на Регионалниот натпревар по англиски јазик за основно образование кој ќе се одржи на 16.04.2016 година.