Добиен грант од Еразмус+ програмата, клучна акција КА101: Учење преку индивидуални мобилности

По завршувањето на поцесот на селекција на пристигнатите апликации за рокот за аплицирање кој траеше до 2-ри Февруари 2016 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги објави резултатите од одобрените грантови од програмата Еразмус+ на Европската комисија. Нашето училиште е прво-рангирано во листата за училишно образование. Резултатите можат да се видат на следниот линк.

Клучнa Акција КА101: Учењето преку индивидуални мобилности создава можности за индивидуите да ги подобрат своите вештини и зголемување на културната свест. Проектите за мобилност на наставниците овозможуваат можност за мобилност и меѓународна соработка со училишта од европските земји, а сето ова ќе придонесе за интернационализација на македонските образовни институции но и за зајакнување на нивниот личен и професионален развој и развивање на професионални вештини и компетенции.

Во рамките на одобрениот проект на нашето училиште, планирана е посета на два вида на обуки и тоа:

  • обука за развивање на компетенциите на наставниците за работа со ученици со посебни потреби и
  • обука за развивање на ИКТ компетенциите.