На ден 19.9.2016 година (понеделник), ученици од ООУ „Лазо Ангеловски“, во рамки на активностите на одбележување на „Европската недела на мобилност“ ја разгледаа Зоолошката градина и се едуцираа околу исхраната на животните, а исто така учествуваа и во хранење на морскиот лав.