По повод Светскиот ден на храната,на ден 14 октомври 2016г. во ДСУ за рехабилитација и образование Св. ,,Наум Охридски” ученици, наставници и училишниот дефектолог учествуваа на шестото издание на фестивалот на фигури од овошје и зеленчук СОЧНИ ФИГУРИ. На манифестацијата присуствуваше заменик министерот на МОН Спиро Ристевски, а сите ние се дружеа и забавуваа со: Ристо Самарџиев, Иве и Христијан, групата Риплеј, Адријана Алачки, Војче Китановски и познатите шефови на кујната Никола и Марк.Фестивалот се одржа со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.