ООУ„Лазо Ангеловски“- ПРЕТПРИЕМНИЧКО УЧИЛИШТЕ

Во периодот од 16-19. октомври 2016 г. во Шибеник, Република Хрватска, се одржа Вториот SEECEL камп за претприемништво каде ООУ„Лазо Ангеловски“ беше одликувано како ПРЕТПРИЕМНИЧКО УЧИЛИШТЕ.
Целта на кампот беше промовирање на успешно завршените активности во рамките на проектот“Интеграција на претприемничкото учење во образовниот систем” и презентирање на идните активности на SEECEL. На кампот земаа учество основни и средни училишта, факултети од 7 држави од регионов. ООУ”Лазо Ангеловски”, активно учествуваше во сите активности на кампот. Во рамките на кампот се одржаа промоции од страна на учениците. Воедно се одржаа и работилници со ученици и наставници и панели со претставници од училишта и бизнис секторот од сите држави учеснички на настанот.

Претставник на училиштата од Р.Македонија беше координаторот на тимот од ООУ”Лазо Ангеловски” кој го презентираше влијанието на училишните активности во градењето на модерното општеството. Покрај ново стекнатите партнерства, на овој камп се разменија и многу искуства од областа на наставата и образованието.

Во ООУ„Лазо Ангеловски“ две години се реализираа активности за развивање на претприемничкиот дух кај учениците и наставниците со што училиштето се стекна со статусот ПРЕТПРИЕМНИЧКО УЧИЛИШТЕ. Со стекнатите претприемнички вештини училиштето ќе продолжи со одржливост на проектот постигнувајќи уште поголеми успеси.