Прв интернационален координативен состанок во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“

Во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future) беше одржан првиот интернационален координативен состанок во периодот од 23-25.11.2016 година во Анкара, Турција. На состанокот присуствуваат членови од партнер-училиштата од Турција, Бугарија, Романија, Австрија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни координаторот на проектот, Љубица Ружинска, одделенскиот наставник, Дарко Димковски, и секретарот на училиштето, Силвана Давчевска.

Цели на состанокот беа:

  • меѓусебно запознавање на партнер-училиштата;
  • разгледување на општите цели на проектот;
  • дискусија: Зошто Уметноста? – размена на искуства и добри пракси;
  • изработка на акциски план на планираните активности и состаноци во рамките на проектот;
  • распределба на одговорностите и планирање на активностите од првата година на проектот;
  • организација на активностите за дисиминација;
  • организација на активности за евалуација и следење на проектните активности и исходи;
  • посета на надгледни часови-примери на добра пракса: Ликовно, Музичко, Физичко;
  • развивање на меѓукултуролошкиот дијалог помеѓу партнер-училиштата и подобрување на знаењата и сфаќањата за образовните системи во другите земји.