Еразмус+ Новогодишно дрво

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, во месец декември беше реализирана активноста: изработка на украси и украсување на Еразмус+ Новогодишно дрво.

Во активноста учествуваа ученици од II, III и IV. одд. За време на активноста учениците изработија преубави Новогодишни украси и лампиони со кои го украсија Новогодишното дрво. Истовремено беше реализирана и работилница со родители во која исто така се изработуваа украси. При изработката користеа разновидни материјали. Новогодишното дрвото ја краси аулата на нашето училиште.